Животот е како мамка, окован во рамка,
како дрвото без гранка, така човекот без манка,
на искушенија е банка со една врата толку танка
која лесно се отвара, реков животот е замка.
Последен на список си, те клаваат на крај-крајот,
зошто никој не те ферма, не те бива ни за сперма,
но понекогаш е добро тоа, време имаш да се спремаш,
но до кога, но до каде, последни сили ти си даде.
Тринаесетто прасе... од секаде те отфрлаат,
сите се на своето и никои не одбираат.
И сите вадат трачеви, смешни за тебе,
но тие не ти годат и дали добро ти е?
Ако постоел и Господ и тој кренал раце од нас,
сепак јас си верувам во нешто и во нешто барам спас.
Но сепак што остана? Само молење во црква,
свеќи палење или сушење ко' смоква?
Но, морам јас да верувам за некого да окривам,
да не ме окриват мене за после касно да не биде?
не работам јас така не ни живеам за корист
оти стварно јас во мојот... во животот сум солист чист.
Ако почнеш да го ветуваш она што го немаш,
ќе ја загубиш и волјата тоа да го стекнеш.
Ако почнеш да го ветуваш и она што го имаш,
треба да научиш дека во животот се си има своја цена.
Па на крај-крајот кога ти се нуди рајот или пеколот
и треба да отидеш кај некого,
а смачено ти е од животот и неможеш да живееш повеќе
и за глава се држиш.
Веќе дошло тоа време кога треба да си одиш,
со надежта за надеж самиот себе си се кротиш,
во главата се врти само едно прашање
ЕЈ ЖИВОТЕ, ПА КАДЕ ЛИ ОДИШ !??...
Не очекувам некои јаки коментари за текстулево но сепак пишете некое... PEACE vs RESPECT