Еве како што и кажав дека ќе биде.....ова е уште еден мој текст кој сеуште не е снимен како трака (но се надевам ќе биде)...
О4екувам искрени критики....
Ангелска Илуминација
Пишувам,во соба тесна и се обидувам да го внесам
Секое чувство кое кради воздишки од овие гради
Секоја нота ме прави доволно трезна
Зашто песната на овие плејади
Вади од мене тивки балади
Зборови обвиени со мрежи од чувства мачни
Од нив ги истиснувам депресивните зраци
И барам начин агонијата да ја уништам до темел
Умов е спремен за борба со секој облик темен
Кој долго се вгнездил во душава,дали ќе мине
Или ќе опстојува уште долго и ќе го кине
Оној примес на благи мисли и волшебни аромати
Ја повикувам хармонијата за да се врати
Зашто гледам без да сакам трња пред мојот праг
Зашто ништо не е сигурно,денес се умира млад
Таман си почнал да живееш,те обзема мрак
Тој те поседува целосно без да осеќаш
Со профил крајно гнил,но веќе ти е брат
Крвно поврзани во верига го делите долниот кат
Страв не ми е целта да предизвикувам,
Духовите не ми е желба да ги повикувам
Но се завиткувам,осеќам,во облаци сум без боја
Но,нели судбината сама јас си ја кројам
Без цел стојам на сопствените екстремитети
Слушам само клетви,секој ден некој ми прети
Фама се плети,за секоја случка – нови сплетки
Кои сте вие да им судите на моите мозочни клетки
Вашите се доста ретки,но тие се приказна за себе
Дал треба да се согласам со секој збор против мене
Беден е светот кој мора да одржува ваква маса
Крајна малверзација,декларација ко гнаса
А божем сте биле дораснати за толерантна класа
Рапот е сметан за привилегија на најдолната раса
Доста со таа фарса,јас сум тоа што сум и ќе бидам
Еквивалент на несогласување со вас,но сепак бирам
Зборови,а не пцости и жаргони со кои ве тепам
Без да претам ја издржувам оваа национална штета
Графитоманија на срце и на своја сцена
Ја извршувам должноста,а кај вас должност нема
Кадри само за мразење,отрови и шприц во вена
Темата е самоуништување и не постои дилема
Светот ќе замре под мразот,
Спасот ќе дојде,но кога?
Под товарот на агресијата и стресот е вид на дрога
Можеби ова е само дел од драма,дај боже да е проба
Но,така човек се залажува додека чмае во соба
Со солза ја дочекува секоја наредна роба
Од кога проба нема веќе мир,ни утроба
Целата внатрешност,знаеш правот ја собра
Се откажа од сите благодети и добра
Затоа сега умира по патот што сам го одбра.
Реф:Не сакам да мислам,но морам на утрешниот ден
Сакам да верувам дека овој миг не е последен
Создавам сопствена утопија,магичен предел од сни
Само така можам да ги издржам овие пеколни дни
Го осеќам духот на времето заробено во својот здив
Моите крилја се скршени,прав и дамки на нив
Чувам отсечена тајна за постоењето на гревот
Чекорам,но нема излез од гробницата во која влегов
Мојата душа е само белег на површината,на брегот
Доволно кревок да ме издржи и мене и гневот
Запленета во простор каде воздухот е редок
Но,сепак спасот е ангелската илуминација врз снегот.
Доволно сум мразена од луѓе што не ме ни знаат
Но,сите добро знаеме – лошите нешта долго траат
Сите бладаат дека уствари опасноста е лага
Но,зошто тогаш луѓе исчезнуваат без трага
Не создавам сага,туку чувам снага,чувам глас
Јас не сум коефициент за моќ,за силна власт
Над вас сепак со рими проповеди ќе вршам
Зашто моето средство се зборовите со кои го кршам
Вашето его,сосем бледо,а сепак неразвиен мутант,
Не ме гори снегот по кој гази секој ваш жирант,
Но,гарант,никаде нема ваков вид обдукција
Темна продукција,сепак совршена солуција
Гледајте го вашето,а ние нашето житие
Создадено од љубов,од цело наше срце и битие
Рапот е сферата која ја градиме без ваши проповеди
На почетокот беше урнебес,а изгледите беа бледи
Дека овој бес е преголем за нешто понатаму да следи
Но,упорноста вреди,пиеме амброзија од нашето дело
Градевме смело и сеуште се кашуваме на ниво
Кое не го сфаќате,зашто не живеете таков живот
Здивот го задржав во себе,но за едно ми е криво
Приливот од злобни намери може мене не ме печи
Но,некој ќе страда од тоа,па сега продолжи да сечиш
Од лажни метафори мојата инспирација не се губи
Но,ти содржиш деформација која полека те уби
Начини груби она што се нема да се земе
Да се украде уште еден миг,уште малку време
Јас не можам да дозволам твоето злобно семе
Да ме уништи мене и затоа третирам со облици од ноти
Со мелодични флоти за полека битот да те скроти
И се стопи злобата,со синилото се сплоти
Новиот ден се роди со убиствена насмевка од рози
Ублажи ги твоите нервози,без да земаш нови дози
Зашто од раната роси и те коси,пламенот гори
Порив од неиздржлива желба,а ти упорно се бориш
Што ќе сториш да нема никој,кој ќе те чува
Слаб ко трска што се ниша ветерот штом дува
Надежта е сува,безначајна,а ти си само тело
Бескрајна поема те успива,гледаш само бело
Пред себе предели непознати за смртник како тебе
Но,дознаваш,веќе не си тоа,по звукот кој те гребе
Те погребале тебе додека несвесно во транс си влетал
Па,сега си дел од сите форми во вечната река...
Реф:2
Поз и Почит од Р.А.