Сега е точно : Maј 13th, 2025, 12:20 am

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Недостигаат Времиња
ТемаИспратено: Ноември 14th, 2008, 7:25 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 24th, 2008, 2:11 pm
Мислења: 16
Локација: Овде
x2 Реф.:

Стари времиња се лесните времиња,
немаш никакви грижи, незнаеш за страдања...
Лесно беше тогаш, незнаеш за страм,
незнаеш за љубов, незнаеш дека животот е суров...

Лесно беше тогаш кога сите бевме рамноправни,
млади - стари, нема врска се се рамни батали...
Сега е многу касно, годините поминаа
повеќе од јасно!!!...


x1 MCing.:

Редовно во 10 часот станат,
нинтендото наместено на масата и играм еден саат,
менувам разни игри... Која сум ја превртил,
која ми е стара, која штотуку ја завршив...
Мајками редовно во 10 ипол часот
спрема поручек за мене: бисквити со топли млекце...
Во 11 ипол спремен сум за надвор
најаден, расонет, дотеран и насмеан...

Како и секогаш збрани на улицата
во ова време ја кроиме дневницата...
Собрани сите до еден рачунаме,
се договараме кој ќе биде следен
во вечерната криенка што ја игравме
на старата липа пред мојата куќа...
И други планови, што ќе правиме во денот...
Сите планираме да ни се оствари сонот...

Конечно доаѓаме до решение
да се возиме со велосипеди дури е дење...
Потоа да си одиме да се одмориме
секој по дома да се истушираме...
Па после тушот следи добар ручек...
Изморен од вртењето се бапкам директ вкревет...
Па после креветот во 5 часот
одам на партија баскет да го поминам пасот...

Кога веќе се затемни се збираме на аголот,
договараме за криенка, го чекаме остатокот...
Па после добра партија на криенка - миженка
тргнуваме на уште една тура возенка...
По патот купуваме сончоглед и пепси
и брзаме на кај дома да не избијат кавги...
Изморени, но сепак задоволни насмеани,
среќни си легнуваме за утре нови походи...


x2 Реф.:

Стари времиња се лесните времиња,
немаш никакви грижи, незнаеш за страдања...
Лесно беше тогаш, незнаеш за страм,
незнаеш за љубов, незнаеш дека животот е суров...
Лесно беше тогаш кога сите бевме рамноправни,
млади - стари, нема врска се се рамни батали...
Сега е многу касно, годините поминаа
повеќе од јасно!!!...


x1 MCing.:

А сега???

Кога сите се против тебе, кога сите те мразат,
дали можеш да издржиш на секаде да не те газат???
Понекогаш се прашувам: "Има ли тежина овој табак,
на него што пишувам или јас сум само слабак???"
Искрено ми треба љубов... Кај да одам немам со умов...
Ваму - таму, лево - десно, самото си е лабаво тесно...
Сите тие другари што делевме баш се,
физички се тука, ама психички не...

Плус тоа ја нема старата липа,
пред мојата куќа на која игравме криенка,
го нема нинтендото, ниту станувањето во 10
и од сопствената мајка - најслаткиот поручек,,,
Добриот другар во невоља се познава,
а добрите пријатели и од браќа се помили...
И не прави пролет со една ластовице...
Да немаше темница, не ќе беше мила светлината...

Победата се познава по почетокот...
Не го сонувај животот, но живеј го сонот...
Кога сомнежот е основам, фактите се сувишни...
Ќе остане ненаспан тој што рано рани...
Ако се давиш, не се мачи вплитка вода,
затоа што таму не гледам ни преродба...
Ако почнеш да го ветуваш и тоа што го имаш,
треба да научиш дека во животот се си има своја цена...

Секогаш настојувај да знаеш што сакаш,
оти инаку и животот со залци ќе го макаш...
И секој благослов што не го прифаќаш е проклетство,
оти убавината најмногу ги привлекува луѓето...
Никогаш не се откажувај од своите сништа,
зошто се ти се претвора во гадни деришта...
Решението е само почеток на тоа нешто
кое ти го правиш толку многу вешто...


x2 Реф.:

Стари времиња се лесните времиња,
немаш никакви грижи, незнаеш за страдања...
Лесно беше тогаш, незнаеш за страм,
незнаеш за љубов, незнаеш дека животот е суров...
Лесно беше тогаш кога сите бевме рамноправни,
млади - стари, нема врска се се рамни батали...
Сега е многу касно, годините поминаа
повеќе од јасно!!!...


_________________
.!.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 14th, 2008, 8:04 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Септември 10th, 2008, 4:19 pm
Мислења: 523
Локација: Скопје
Одлично е мене ми се свиѓа ме потсеќа на времињата коа бев копиљ.Поздрав!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 15th, 2008, 2:30 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Авдуст 30th, 2007, 5:49 am
Мислења: 1196
Богами брат и мене ме потсеќа... Многу добар текст.. БРАВО!

Поздрав.

_________________
I’m tired of people judging what’s real Hip Hop.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 15th, 2008, 4:48 am 
Отсутен

Регистриран: Jуни 5th, 2008, 5:50 pm
Мислења: 144
Локација: Veles
закон


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 15th, 2008, 2:41 pm 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
Ми се свиѓа текстот , и мене ме потсеќа на годините назад..
Тематски е добар , али на рап ниво , не е.
Така да потруди се да го напрајш поуметнички.

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Ноември 15th, 2008, 7:38 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 24th, 2008, 2:11 pm
Мислења: 16
Локација: Овде
10x на коментарите и пофалбите...

Траката можете да ја симнете од тука:
http://rapidshare.com/files/164068188/N ... a.mp3.html

_________________
.!.


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 6 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап