[align=center]
[font=Arial Black]ПОЕТСКА ПРАВДА[/font]
од С.Т.Р.2
(...1...)
Си прошол низ сè, улица и дискмен,
плус си искрен со кој и да си висел,
како после 10 години филмот ист е,
истите траки во систем, а талентот неискористен,
па секој ден на музика си мислел дека повеќе од ова има,
подобро да биде,
епа такви сме ние кога со главата низ ѕидот идеш,
а во тебе срцето се кине и тоне во длабоки ноти,
во мислите на меланхолик,
па со кого се бориш во осамените ноќи,
фасадите на градот тераат да размислиш и молчиш,
премногу сме паметни за злочин,
со крвави очи,
но веќе нема солзи кога си видел смрт и болни,
затоа си буден и до зори,
јас имам лист и молив,
но што ве прави вас горди и толку добри?
и ти да немаш би висел ко хроник во ладниот ходник,
заглавен на дроги со нив,
со лица грозоморни како би се расположил,
надеж нема мотив нема тага нема почит,
си ко бездомник, а другите луѓе се демони,
ги гледаш и насмеани,
во секој неверник улиците се преполни со гревови,
тегоби, бедови, невољи, преброди, преболи, пренови,
предобри денови, земени темен и теми, спомени неми,
не ми ни вели проблеми немаме,
нели гледаме свесни, на сите лоши вести-не спиј,
сме поминале и ова било,
но сепак знам да ценам, зашто имам еден живот.
(...2...)
Oва студи, па како после ова ти ќе ни судиш,
со стилот користољубив, земен од други,
ова не е батл, ова се зборови чудни,
кои прават да се трудиш,
јас талентот не го купив,
да- ова рап е, но сепак не сум игнорантен карактер,
зборот не е стаклен, кодот сватен,
долгот платен, светот матен,
светол пламен, свето знаме даваме свесно завет,
и свест и памет, и тест финален,
и чест би дале,
без бед-гест, но налет,
и нека навек трае, нашиот дух нема да згасне,
па знаете од кај сме?
на ти факти, пак ти веруваш во лаги такви,
какви прати, разлика ли свати после наши траки за нив,
музиката пати зад затворени врати,
после толку години трипате на спомени стари,
дали би се вратил во градот кога скршна од патот,
прсна ставот, не си цврст ко мојот народ,
значи тука е крајот и нема веќе драма,
свати СТР2 е поетска правда.
[/align]