Еве нешто шо напишав пред некој ден ќе да беше...
Слободно коментари, критики...
Не сум ни ганстер, ни хаслер, ниту едно од двете,
и вмала да прашаш, јас сум само мирно дете,
не сум растен во гето ниту пак на улица,
растен сум дома, вмала и вучилница,
доаѓам од градот скратено Б-Т,
а името ми оди Ф-И-Л-И-П,
Ф за малце филм, И за интелегентен
Луд, Искрен, Паметен,
са глеј, има луѓе шо ме мразат,
шо сакат да ме згазат,
велат им ом на нерва,
ама кој ги ферма,
си го терам своето, она што го знам,
тоа го правам, и ич не се замарам,
животот ми е убав, јас сум човек што кулира,
ич не се сеќирам, важно убо си поминвам,
немам пари, ми требат? за пички?
си имам една пичка која ме сака и онака,
не ми требат пари ни за бензин, немам кола,
не ни сонувам да имам, да ја возам,
кога имам фаца точак, шо многу убо возе,
јебига и тој се расипа но сепак имам нозе!
Не сум ни макро, ни милионер богаташ,
живеам со мама тато и не сум мафијаш,
немам пиштол вгаќи, ни на раце тетоважи,
немам одено взатвор a сакам масажи,
сакам прошетки и излегвање во саботи,
и да си признаам мора дека сакам ора,
сакам луди журки, сакам да си напрам мастеркард,
но не ме пуштат банките, сум бил многу мал,
ме прават среќен ситници, на пример чоколада,
а нејќам многу граф и нејќам да ми расти брада,
пошто мака ми е да ја бричам и ми смета,
и не ми изгледа кул, едноставно ја нејќам,
сакам да јадам се на млеко базирано,
сакам густи сокчиња, нејќам газирано,
сакам да јадам мекотели, да пијам коктели,
сакам со сати и сати нонстоп да спијам,
сакам да ме сака една женска шо ја сакам,
а ме сака, мора да ме сака, пошто јас така сакам,
Слушај сеа...
Не сум познат и славен, не сум џи, не сум главен,
не сум ти, не сум бавен, релативно сум брз,
а со прст мрднав и станав јавен, познат...
хм...да се вратам на јаве, пошто,
и онај што ме знае, не ме познава,
со тек на време ме научва, нонстоп ново дознава,
за мене, за животот мој сознава,
но никогаш никој потполно не ме запознава,
ни самиот не се знам добро, она вкрај,
јебига ќе се запознам варда, а хајј
сакам да видам како е да бидам, да сум,
но не вервам дека ќе се деси, пошто имам ум,
размислувам 2 пати, па коа ќе речат нати,
одбивам пошо задоволство се плаќа на рати,
со еден куп камати, еден куп последици, жиранти,
и ќе трае со месеци и години, а не со сати,
супер ако ме сфати, ако не ебати,
врати одново и следниот пат ќе сфатиш,
Поздрав, Ви благодарам за вниманието
