[align=center]До кога...
Кога мајкот е поента а римата опсесија,
кога си исполнет и среќен но умот под компресија,
радоста е ништо кога нема со кого да се сподели,
во општествово наше секој си зима право правда дa дели,
се бара од други да постигнат нешто,
никој не сака сам до го оди патот...премногу е тешко,
но ако вербата ти го осветлува патот...далечината е занемарлива,
ако имаш желба силна...тогаш е остварлива,
секојдневно има недостаток на кеш,
до кога неправда...ти со кола а јас пеш...
сепак и покрај трудот останува празнина,
те чека празна бина,
губиш надеж, бараш излез, но сегде е нагазна мина,
на настапи само хејтери во публика,
хаха...едноставно заборавена рубрика,
почнавме и да се обвинуваме меѓусебно,
се прашувам јас до кога ке трае ова...веќе станува бедно....
Реф. x2
До кога ќ играме по туѓе правила...
До кога - се дур среќата не не оставила....
До кога само случајни успеси...
До кога - секојдневна слика спуштање завеси...
До кога ќе не загадува прљавата реалност....
До кога ќе страдаме во суровата стварност...
Сеуште виновник ни е лажната политика,
а ние трпиме луѓа за кои не постои позитивна критика,
го користиме како изговор Балканот,
користиме лаги за да се спасиме од срамот,
сега ни е криво и турското ропство,
тпиме и грчка пропаганда... А ЗОШТО....
луѓето се надеваат..но за џабе,
слепо си чекаме некој друг помош да ни даде,
нема никаков труд...па дури ни желба,
надежта се губи..останува само верба,
но за успех е потрбен и труд,
во животот..снајди се..владее неправеден суд,
чувствуваш се повеќе недостатоци, мани, слабости...
а иднината ни ја кажуваат јасновидци, хороскопи, глупости...
ако сакаш убав живот помогни си на самиот себе...
па ако можеш..пружи помош на тие околу тебе...
па збунет си..бараш одговоти од општеството,
но не е лесно...на конец ти виси местото..
но бори се цврсто не е срам ако паднеш,
поголем срам е ако не успееш да станеш...
Реф. x2
До кога ќ играме по туѓе правила...
До кога - се дур среќата не не оставила....
До кога само случајни успеси...
До кога - секојдневна слика спуштање завеси...
До кога ќе не загадува прљавата реалност....
До кога ќе страдаме во суровата стварност...
До кога.....до кога....до кога........................[/align]