1.Седам овде и мислам како беше порано,
се мед и млеко,а сега со текот на времето,
се заминува,а чука срцето,
како ништо да не било,како се да е исто.
А сега повторно останав, сама во мракот,
каде е зракот на љубота,сега е сакат,
и веќе го нема, а јас сосема пропаднав,
крај борбата се предавам.
Но сепак знам, дека некаде,некогаш ќе се смеам,
но сега пишувам и солзи само леам,
пробај да ме сфатиш и од маки да ме скратиш,
зашто душа веќе немам,кажи зошто ми ја зема.
Реф: Ме радува самата помисла дека заминувам,
далеку од се да заборавам,
дека некогаш сум била ваква,се извинувам,
а сега патувам, се глеадме во друг живот,
со помалку мака.
2.Животот ме научи да го ценам она,
сета љубов и грижа што ги добивам од дома,
но за жал тоа е толко малку,што не се гледа,
оне не е љубов, ова е голема беда.
Се обидувам секој момент да го исполнам со радост,
но повредувам, извинете, сеуште сум млада,
но можеби нема да го дочекам оној ден кога сама,
ќе зачекорам нанапред, можеби ќе пропаднам во јама.
Си давам втора шанса себеси, да се докажам,
да покажам дека и во мракот има светлина,
се што било сокриено, да излезе на виделина.
Но тогаш ме опфаќа мислата,
дека залудно трошам време,
вистина е, засекогаш не живееме.
Па продолжувам така, гледајќи само напред,
одбегнувајќи ја реалноста, дека се е заплет,
нема расплет, ова е реалноста,реалниот живот,
се надевав на друго, и навистина ми е криво.
Реф: Ме радува самата помисла дека заминувам,
далеку од се да заборавам,
дека некогаш сум била ваква,се извинувам,
а сега патувам, се глеадме во друг живот,
со помалку мака.
па еве нешто набрзинка смислено, можеби немаат смисла некои делови но тоа е тоа засега. кажете што мислите , секакви критики се прифатени
