Еве еден текст што го напишав пред некое време...коментарите и критиките се добредојдени
1.
Роден сум во држава, ебана, независна,
самостојна, фер во наводници демократска,
каде не се знае кој е кој и што е што,
каде нé водат не до небо, туку до морско дно,
каде има едно милион сиромаси,
во сенка на ѕверој, разни богаташи,
каде владее неправда и ич нема слога,
каде луѓе почнуваат да ја губат вербата во бога,
каде има бездомници, фрлени, паднати,
како семе во поле, расфрлани, расеани,
а јас одам сам, по еден ебан темен сокак,
како уплашена стока, тајно рима рокам,
се смеат за болката која ич не е смешна,
и ме туркат ме плукат во ебена бездна,
со проблеми триста, без надеж и сништа,
одам напред но нигде нема вистина чиста.
Реф 2х:
И тешко е да се живее живот беден,
тешко е без пари денес да те сметат вреден,
зато скиташ на улица, каде имаш сродна душа,
каде има некој што те поштова и те слуша,
2.
Одиш по улица пеш, гледаш, дишат лепак,
сепак, си велиш така болката ја лечат,
и тие сакат да се спречат но неможат,
и да се решат за џабе „ветувам“ ќе речат,
оти нешто ги тера, и нешто ме тера,
да се предадам од овој живот ебан, па се дерам,
нејќам, но морам принуден сум да тонам,
сакам ко ѕвезда да згаснам и повторно да се родам...
А тешко е празниот џеб во навика да ти расти,
тешко е нонстоп женската да те части,
тешко е да ја гледаш мама како плачи,
иако велиш „ок е“ таа знај - парата ти значи,
тешко е да немаш она што сите имат,
тебе то ти значи, а тие здраво-готово го примат
и само ќутиш и молчливо пискаш,
сите мислат многу мирен, а ти во себе врискаш.....тешко е...
Реф 2х:
И тешко е да се живее живот беден,
тешко е без пари денес да те сметат вреден,
зато скиташ на улица, каде имаш сродна душа,
каде има некој што те поштова и те слуша,
3.
И тешко е да гледаш луѓе во куќи од картони,
а комшијата од карши во палати од бетони,
не си блесок, немаш моќ, сила, тежина, густина,
ти си само зрнце песок, во цела пустина,
и ветриштата те дуват те носат те одведуват,
и карпи над тебе сонцето го засенуваат,
нема ништо пред тебе само темнина,
поарно кога беше бебе барем гледаше светлина,
сонцето го има кратко, потреба да те осветлува,
но убавите нешта знаеш брзо поминуват
и цело време е исто и ништо не се смена,
едино солзата од оково и образов ја снема,
како челик сега, мора цврсто да се крепам
и да ме распарчат на парчиња пак ќе се залемам,
како лежечки полицаец, под гром од облакот,
газат над мене, но сепак стојам цврсто јако,
а до врвот брат, тешко качваш - лесно симнаш,
а когаш ќе се качиш, гледаш повисок врв има,
зато спреми го ранецот со мисли и рими,
и надевај се дека до следниот ќе стигниш.....