Еве нешто постаро (2007) од мене, мојата теорија
Како и секогаш, ценам искрени коментари, па ако ви се кака, и какање
ко што Аце гради мостови, Снупи прави тостови
Изгрев цркви гради, Паунот паради,
велешка курва страст скротува и Леов заработува
Дијана и кладилница, ХИВ и Топилница
совет од јакупи сафит и ХИП ХОП графит
ко што градам рима длабински, сум секта среде Младински
па одам вис висински, со стил еден вистински
неповторлив за денови, штом предавам ко Ван Кеноби
на амфи и во Стоби, во студиски соби
стих во микрофон здробив, без генерални проби
низ градов ползам како лудак, со монументални чуда
створени во глава, вријат како лава
со суканици и ранец, како Растафаријанец
цел свет ме гледа чисто, а јас не така исто
со одмаздничко писмо, како гроф Монте Кристо
среде ноќ како враг, од катакомба, саркофаг
ко скулптура-фараон се издигнува мојот тон
масивен ко џамбо џет, побрз од орел во лет
бодам како бајонет, да уништам противник клет
дури и да допрам, на телевизија
пак на талент ќе ја потпрам мојата рап визија
и на мојот збор мудар, како нуклеарен удар
и зрачење од ураниум, но цврст е ко титаниум
овој хип хоп престол, за место, често
борба крволочна, римувана почна
рима врза рима ко плочи, за стекнување почит
најцврстото здание што заслужува внимание
ко капка што ползи, крв пот и солзи
драгоцена течност, обележува вечност
штом плукам течно, надолж и попречно
(дум дум) за џандар, воин како Александар
оружје стандард, скриено во хангар
за да не варди, од joe dioguardi
за просечен човек, од памтивек па довек
рапот е плашило, па дури и нашиот
викаш не разбирате, јас викам ескивирате
-
лажна мисла чувате, дека не верувате
судбина ќе ја стаса, цела Македонска раса
може невина маса или повисока класа
едино ќе се спасат од тиранин кој каса
-
па дали веруваш во зборот што го шири хардкорот?
ил' си оФца од хорот, што умира споро
а можеш да чуеш, но ти на рапот блуеш
пропаганди дуеш, со лажна надеж ти се труеш
еве текст убедување, и предупредување
доста трава дување, доста занесување
отворете очи, вас глупоста ве кочи!
ние едноставно, се бориме за почит!!!
-
со секоја нова лекција, ритам со поезија
тактот со моите зборови во адхезија
да останат во твојта глава и после амнезија
без комедија...носам само хорор верзија
убиствено и ефикасно подло ко диверзија
злонамерно за, фејкери, носам саботажа
во чест на ретките што уште маваат у гаража
не носам среќа како бингото на Џамбазов
тие што бараат среќа нека слободно ме замразат
оти носам понижување, не јас не сум дедо мраз
еден по еден ко што сфаќаат, паѓаат на газ
со стил исчезнат и редок, ко стар светски поредок
фундамент на револуција, и самиот сум сведок
уништени души уште на предшколска возраст
трчаат по светот, а тој оди во пропаст
отвори дете очи, начули дете уши,
читај меѓу редови, меинстримот те гуши
контра од реалноста розови сништа ти руши
па општеството те јаде живо зготвен како суши
од материјализам имам константни мамурлуци
за пари не се прават, знај, големи мајмунлуци
кој пее зло не мисли, кој не сфаќа - курот исти
ТВ и радио ментални се терористи
предводени од врвните, светски нихилисти
+
сечам политичко-социјални ропски чворови
сеам црно семе во наши бели дворови
почна револуција, крваво е, МАЧНО Е!
фати се за работа, не кенкај, не си плачко, ЕЈ!
до кога ќе се жалиме, ко мали деца галиме, ЕЈ!
време е за hardcore, да гасиме и палиме
RAP YOURSELF, ЕЈ, осети што е живот,
биди им непријатен, нека ти засмрди здивот, ЕЈ!
-
нека мрднат едно метро, ќе паднат од ветрот
сами не можат да стојат, ти си ИН, тие РЕТРО
ти си RAP тие турбо, ти си IQ, тие техно
they lost in time, ним не им е лесно
штом се во тесно, паничат бесно
остани мирен, смири психа со песна,
со ритам, со рима, со забави луди
штом си ти весел, кај нив гнев се буди
што те чуди? слушај стихов поука нуди
ќе те лади во лето, ќе те грее штом ти студи
менталните робовладетели ќе ги куди
сите што слобода ни кратат ќе ги суди
до педерите што ни крадат историја: КУР ЗА ГРЦИТЕ, ЗЕМЈАТА Е МАКЕДОНИЈА!!!
мојата татковина, мој'то родно парче
еби ги баладите, тој што сака нека плаче
јас ќе останам весел, на овој простор тесен
крадат, лажат, останувам јас чесен
еве деновиве посегаат и по стилот
чудно им е како можеме тоа што досега не било
нема да им кажам, нека умрат глупи
ова овде го нема во училишните клупи
го нема во полиција, ни во мировните трупи
само на улица кај младите урбани групи
отворени мозоци, бескрајни видици
амбиции, соништа и за слобода крици
ко наркоман кој вели - "речи НЕ за дрога"
а не неверна жена која "верува во бога"
сме згрешиле ко млади, изиграле глупаво
пак на нозе стоиме здраво, со поглед право
ослободи го умот, сврти нов лист
и за крај, за сите прави рапери, PEACE!!!
p.s.: граматиката е свесно корегирана.
почит
мир!