[align=center]С.В.П. – Сурова Реалност
Читај меѓу редови, одговорот се крие. 3х
Сите се први, сите се над сите. 5х
Ова што го рецитирам се базира на стварност.
МАРКО:
Отвараш лист, нова страница нова глава
И во неа човекот се бори за своите права
Не знаеш кој е со тебе, а кој зад грб ти збори
Кој те колне, а кој за тебе се бори
Непријатели стануваат и најдобрите другари
Све се менува кога ќе дојдат до малку пари
Да се успее во тешкиот живот лесно
Еден живот не знаеш сега што ќе биде следно
И при голема среќа лошото очекувај го
Имај свој став и не пречекорувај го
Знам дека светов многу грешел кон тебе
Ако ја знаеш вистината, не лажи се себе
Вистината ќе ти помогне, а лагата нема
Лагата е вечна, непресушлива тема
Живееш во илузија, ја мразиш стварноста
Очајно сакаш да избегаш од реалноста
Но само кога ќе се соочиш со вистината
Ќе можеш да допреш вистински до суштината
Се држиме до факти
Сите се први, сите се над сите
Дефиниција за грешник
Се држиме до факти
Сите се први, сите се над сите
Дефиниција за грешник
АЛЕК:
Животот е тежок, се свртија против тебе
Само ти на огледалото, одразот од себе
Сите задачи што животот тебе ти ги поставил
Целите свои, но ништо не си остварил
Запаѓаш во очај, твојот свет се сруши
Знај не е се во завиткај, запали и испуши
Животот е тежок, треба постојано да се бориш
Секогаш во името на доброто да твориш
Секад кога ти е тешко, солзи нека течат
Маката ја сопираат, срцето го лечат
Секогаш завршувај ги обврските твои
Учи од грешките туѓи, а не од грешките свои
Секое живо суштество е приказна за себе
Биди добар и со оној кој греши кон тебе
Сите ние сме луѓе и сите грешки правиме
Но треба да знаеме како да се извадиме
Простувај му на грешникот, така Исус рекол
Знај вината не е рај, а сигурно ниту пекол
Се држиме до факти
Сите се први, сите се над сите
Дефиниција за грешник
Ова што го рецитирам се базира на стварност
Сите се први, сите се над сите
Се држиме до факти
Сите се први, сите се над сите
Дефиниција за грешник
БРАНКО:
Сите луѓе се еднакви, со презир не гледај
Ако некој бара помош, помогни не бегај
Не заборавај од кај си тргнал, а кај си сега
Така имаш почит, знај ова не е шега
Човекот го цени од прв поглед по надворешното
Никој не те цени по внатрешното
Единствени кои те ценат се твоите родители
Луѓето кои те упатија првите учители
Животот брзо тече како тажна песна
Оваа животна трака воопшто не е лесна
Треба да знаеш што сакаш и каде одиш
Во животот треба да знаеш каде бродиш
Со кормилото на животот да управуваш ти
Никогаш со него да управуваат други
Треба да го избереш животниот пат
Пред да почне да очукува последниот саат
Животот е тежок како парче жар жежок
Но треба да се бориме сѐ што можеме да сториме
Се држиме до факти
Сите се први, сите се над сите
Дефиниција за грешник
...[/align]