Со доаѓањето на летото доаѓа и времето за уживање и безгрижност. Голем број тинејџери и тинејџерки се надеваат дека токму на летовањето ќе најдат девојка или дечко. Некои од нив сакаат "првиот пат" т.е. првото водење љубов да биде со опуштеност, романтика, море ...
Сепак, не е сe во атмосферата. Многу поважно е да сте зрели физички и психички за првиот пат. Според законот, кога ќе наполните 14 години, дозволено ви е да водите љубов, но со малолетен партнер од исто 14 или малку повеќе години.
Но, дали сте навистина спремни за тоа? Еве како да процените.
Најпрво, да го расчистиме делот со годините. Тоа што имате 14 години не значи дека морате да водите љубов. Ако не сте спремни, во ред е да чекате толку колку што ви е потребно - не е ненормално и на дваесет и неколку години да водите прв пат љубов.
Доколку се случи некој со 14 годишна возраст да води љубов со помлада личност, без оглед колку се сакаат, според законот сексуално злоупотребувате дете. Доколку сте полнолетни, а водите љубов со малолетна личност макар да има и повеќе од 14 години и се согласила, повторно според законот сексуално злоупотребувате дете. Можеби е ова непотребно објаснување кое сите го знаете, но подобро тоа, отколку да остане нешто нејасно.
Следниот важен дел се вашите желби. Дали навистина сакате да водите љубов, или ве наговараат на тоа, ве уценуваат со напуштање и исмејување, не сакате да бидете единствената невина личност од вашето друштво ... Немојте да попуштате на наговарањата ни уцените ако сеуште не сакате да водите љубов, никој нема право така да се однесува со вас! Ако вашиот/ата дечко/девојка навистина ве сака, ќе има трпение да го дочека моментот кога и вие ќе го сакате тоа.
Дали сте се договориле за средствата за заштита од полово преносливи болести и бременост? Ако не, задолжително да го направите тоа! Не сакате ваљда да се заразите со некоја болест или да останете бремена? Најдобро е да користите кондом. За девојките: не дозволувајте дечкото да ве наговори во врска со заштитата. Контрацепциските средства се земаат само со препорака од гинеколог, и тоа токму тие што ви ги препорачал, а не оние кои ги користи пр. сестрата на вашиот дечко и супер и е. Имајте во предвид и дека апчињата не штитат од полово преносливите болести – од нив штити само кондомот, па според тоа тој е најдобра заштита за почеток. Подоцна, кога ќе сте посигурни еден во друг, можете да се договорите и за некое друго средство.
И оваа у глаа нека ти биде Сплинтерино! хахах
|