Сакам да кажам нешто, но не сакам да звучам исто
Како секој втор емси што пишува стихови на листот
Пишувам во стил висок, со вештина во ракописот
Со рими цел список, со силен стисок на мајк со стихот
Мавам удар низок, ако ме ставиш на сред дисот
Не почнувам без причина иако изборот е широк
Го бирам мирот, го имам стилот ко никој, празен и сирот
Е рапот без мене, а без него мојот живот
Не станува збор за его, станува збор што секој
Тврди дека е есми, а кој навистина е ретко
Звучам арогантно, рецитирам бавно
За да ме сфатиш зошто си давам себе си право
За коментарот ваков, ќе речеш немам име во рапот
Имам рими хардкор од почеток до крајот на рецитатот
Монолог на мајкот, примадона на ритам
Доаѓам и освојувам се што ќе видам, никогаш сита
Викај ме победа, зошто сум родена на деветти петти
Сите сте во фацата бледи
Кога ме слушате ве чуди што некој ко мене реди
Стихови ко да се греди, ритамот мене ме следи
Не јас него, одма уште на самиот почеток
Гледаш сум талент редок, со вештина и стил во текстот
Стихови полни со рими ко лимон полн со витамини
Ги влечам на ритам, ко воз локомотиви на шини
Болат ко стотина мини, оставам душа во строфа
Пола емсиња се со срце, пола се катастрофа
Еднакви на пролив, седам на софа со лист и полив
Од моите рими, позери се чувствуваат голи
Ги оставм без маска и костум, на мајк со стих сум монструм
Ако не сум емси по твој вкус, тогаш кажи ми што сум
Не рецитирам за аплаус на сцена, немам јас цена
Имам срце стена, рецитирам за да ме ценат
Мислења?