Постојано сум нервозна, изгубена во конфузија
Ноќта ме држи силно во нејзината илузија
Премногу е долга
Месечината е единствената која ја знае целата моја болка
На темно небо ја остава секоја нејзина солза
Трепка и светка со скриена мистична полза
Тука си горе! Се осеќам сигурно кога секоја вечер
Кон небото фрлам поглед, се ќе биде во ред!
Сега се осеќам тажно
Пореметено и мрачно, се наоѓам на работ од плачот
Но утре е нов ден
Нова шанса за нов обид да го решам секој мој проблем, и мал и голем
Обожавам утро, ми дава ветувачко чувство
Дека ќе стекнам подобро животно искуство
Затоа сакам да седам мирно низ прозор да гледам
Изгрејсонце, единственото нешто што не сакам да го сменам
На оваа планета
Единственото нешто што постои, а целосно не ми смета
Прекрасна глетка
Е кога градот спие во 5 ипол наутро
Го посматрам јас будно и сфаќам би било сосема залудно
Да дозволам да поминуваат прекрасни глетки
Без мене, моменти среќни иако се премногу ретки
Некои непрашани прерано умираат
Тие ја немаат таа среќа да можат да бираат
Одведени против нивна воља, сликата е боља
Кога е црно бела а ти и додаваш боја
Затоа седам и чекам да дојде новата зора
Да ми даде сила да можам да продолжам да се борам
Мојата терапија е листот на кој творам
Не познавам поинаков начин на живот, така морам
Така само можам низ конфузија и нервоза
Да поминам низ ноќта и потребна ми е барем мала доза
На стихови и ко да паѓам под хипноза
Го чувствувам погледот на месечината на моја кожа
Тука си горе! Се осеќам сигурно кога секоја вечер
Кон небото фрлам поглед, се ќе биде во ред!