Истурајќи го гневот преку мрачните рими
многу болни вистини, ми се случи предизвик
осетив ново чувство одеднаш го засакав
иам само една љубов и не отстапувам,
вистината ја зборувам, се е сурова реалност
нови рими, нови сили, одам сепак до крајност.
Бледа сенка, толку тенка, линија избришана
уште една сторија во мракот одново запишана,
потпишана лириковната прогресија
со стихови низ рима вршам повторно репресија
какво флоу имам преку преку вештината демонстрирам
во оваа животна игра ништо не можам да бирам,
поминав разни срања, знаеш има многу траги
продолжувам, низ овој живот исполнет со лаги
сите таги на времето засекогаш ги пребродив
една љубов, во срцето и не се променив.
И ти подадов рака, еј полесно е вака
иам искрен пријател некој што може да ме сфаќа,
ама заеби тоа, цела деценија мина
и дури после долго време открив една вистина
на многу стари работи решив да ставам крај,
ама доследна на себе, сепак не заборавај.
Бевме едно, ама животот не раздели
и го сменив правецот, барам нови патеки
прво поглавје од приказната и критика,
оваа прилика создадена за добра лирика.
Седам размислувам со надеж дека нешто ќе се смени
на подобро или полошо нови проблеми,
животот е суров знаеш, нема потреба да зборам
не се предавам, знај не запирам да творам
знам ќе морам храбро да се соочам со се,
да се подготвам сама за уште едно невреме
што понатаму следи, да зборам дали вреди
една љубов во срцето засекогаш ќе седи,
од сите неправди, од сите тешки срања
осетив како треба да се снаоѓам сама.
Многу оставив зад себе, но уште многу ме чека
знам ќе дојде се на свое место на крајот полека,
нејќам да се докажувам, знам до кај можам да идам
а каде стигнувам се уште не можам да видам,
знам ќе бидам, тука нема да се предадам
давам збор, што значи нема да се откажам!
Ajde mislenja!!!
