И уште еднаш пред стара света икона стојам
гледам право во очи и плачливо се молам
да го најдам својот мир оти во невреме тонам
некогаш дури се случува и во јаве jaс да сонам.
Господе златен поможи ми да најдам вера во себе
зошто развитокот на овој свет ме оделува од тебе
од една страна правам се да одам во рајот
а од друга страна со пиштол во раце јас го барам крајот и
се молам секоја вечер со солзи во очи
дали го слушаш мојот глас,
ил ѓаволот го одзел па да го слушнеш те кочи
не ми е јасно веќе кој пат јас да го фатам
не можам да издржам веќе доволно патам
Разни мисли низ глава деноноќно ми се вртат
и секоја од нив ми ја прикажува смртта.
Затоа и до доцна секогаш пијам
додека не можам на нозе да стојам и колабирам.
тоа не беше страшно дури јас бев дома
но кога се будам во други кревети
се будам јас гола и повторно се молам
Оче наш кој си на небото горе
наведнија ја главата
смири го моето матно море
и те молам погледни ми ја маката
поможи ми сега подај ми ја раката.
Не е доволно тоа што се будам јас гола
туку и имам рани на нозе на телото пола
болките мои ги чувствувам и долу и горе
имам изгореници од цигари изгаснати на телото мое.
А на кој да му кажам за моите рани
кога полицаец ме силува неколку пати
а татко и мајка веќе одамна немам
господ ги зеде и ме остави сама да седам
Затоа сега почнав и да се дрогирам
коакин, хероин тешките дроги јас ги примам
оти овој е начин поблиску до смртта да бидам
и на маките сите крајот ќе им го видам.
А дали во рај или пекол ке завршам
веќе не ми е важно
оти се што имав да речам е веќе кажано
но имам малку вера и се молам
оти можеби вечерва со господ
ќе ја имам честа јас да зборам.
Оче наш кој си на небото горе
наведнија ја главата
смири го моето матно море
и те молам погледни ми ја маката
поможи ми сега подај ми ја раката.
Песната е вистинска приказна но не ја напишав за мене
туку е за една моја блиска другарка.
Се надевам дека ке ви се бендиса. А реф планирам да го сменам нешто не ми одговара некако.