Ајде, да не биди на готово работата... зедов јас си го напишав, само кај звездичките не знам шо вели...
Р.Н.С. - Градот
1 дел:
Одејќи накај школо, станав во автобус до прозор,
погледот насочен надвор, вокменот до крај на тонот,
гледам надвор, надвор е градот, Чаир во него,
замижав да чувствувам, но видов луѓе као го пијат бедот,
секој ден е тежок, сиромаштија е сегде,
да почнеме од мое маало, назад кога бев дете,
израснав во чаир, цело детство стравот присутен,
мајка ми ме мисли навечер да не сум повреден,
во влезот наркомани собрани, се плашам да се качам,
викам под балкон мамо, симни се пред зграда,
утредента, пазам да не налетам на група,
секој ден е така, условите тоа го нудат,
подобро избегни си, тука се бодат ножеви,
нема посилни и послаби кога во прашање се пиштоли,
на полуматура дечкото што маваше рекет стана Гази Баба мафијаш,
уфуран во ***** само дваесет метри од мојата зграда денес
пресметка на банди што се пукале меѓу себе,
убиен на 19 години, во него 36 куршуми,
денес мртов, а вчера ми беше познаник,
за време на војната во Македонија се пука,
сите со кои што израснав веќе не се тука,
сите се преселени, слушам гласини,
во Чаир ќе пукнело секој момент све на штрек и немири,
првата бомба рокна токму пред мојата зграда,
а дали беше јако? се скрши стаклото од влезна врата,
замисли, во тој момент да сум поминувал,
градов е таков, незгода во секој миг е присутна...
Реф.
Улиците, скитниците, ѕидовите, графитите, шверцерите,
комитите, тепачките и последиците, грабежите, рекетите,
патеките по сенките, поделбите, корените на несреќите,
бандите, зградите, криминалците, џандарите,
парите, богатите и сиромашните,
дилерите, зависниците, повиците, политичарите, гласачите,
премногу зло на тротоарите...
2. дел:
Отварам очи да видам сега сум на битпазар,
тукушто излегов од Чаир сега од другата страна на Вардар,
има 4 станици па да се симнам, овде сосем друга приказна, размислувам и мижам,
две страни на вардар различни ко лето и зима,
после битпазар се чувствувам побезбеден, можам да дишам,
и овде имам другари што прават дубари,
скопски криминал, несовесни алкохоличари,
шетајќи се низ град пред неколку дена
во аеродром негде осум девет луѓе збрани гледам,
сите гледаат во еден пијаница со негде 45 години,
замисли тепаше инвалид, тука луѓе собрани,
никој ништо не прави во сеир тонат,
инвалидот беше на штаки без една нога,
типот му мава шамари, за среќа ене џандари,
*** на семафори, негде на 15 метри,
еден човек истрча, пријави стигна до џипот, објасни,
тие си продолжија ко тој да не ни постои,
сите зачудени од ситуацијата,
уште една причина да мразам повеќе полиција...
И овде има омраза, чувствувам во воздухот,
луѓе бараат помош, но го нема излезот...
отворен е прозорецот но сеуште е загушливо,
треба векови за да се исчисти кислородот,
а после семафорот, се симнувам да не заборавам,
градов го чувствувам во здивот што го вдишувам,
кога спијам го сонувам, кога сум буден ме прогонува,
по се изгледа градов во мојот ум се пробива...
Реф.
Улиците, скитниците, ѕидовите, графитите, шверцерите,
комитите, тепачките и последиците, грабежите, рекетите,
патеките по сенките, поделбите, корените на несреќите,
бандите, зградите, криминалците, џандарите,
парите, богатите и сиромашните,
дилерите, зависниците, повиците за спас,
меѓу сето тоа во средината - Јас !!!