Ипак јас ќе го напишам...
С.Т.Р.2. - Кога Врне Истура
Зошто мислиш дека врне секој ден и секој ден е сивило,
па нема ништо позитивно секој спомен е темен,
кога немаш никој покрај тебе,
не си толку тврдокорен зошто немаш доверба во никој,
отфрлен од сите дали живееш во пекол, гласови во глава како ехо
губиш интерес со секој чекор,
сите работи направени, оставени, застарени, неморални, па заборавени,
од лоши вести губиш нерви, сакаш само да се стемни,
љубов нема викаш само омраза во тебе гребе,
сакаш времето да запре, еднаш да си среќен веднаш,
што да правиш кога немаш среќа само чекаш,
а кога врне истура, и тогаш самиот од себе бегаш,
толку многу сјебан што ни доверба во себе немаш,
дали неќеш да сакаш, и дали неќеш да си сакан,
дали душата те боли, нема правда...
има зборови кои бодат како игли под нокти,
а лошо детство е мотив на улица од копиљ,
па не ме сфаќај погрешно, на никој не му е лесно,
тој што мисли е совршен денес тогаш мисли грешно...
Реф. х2
Кога врне размислувам, кога врне истура,
ноќта глува се случува се дур пишувам јас надеж имам
надеж ви давам, и не ви барам ништо назад, ха,
и не ми треба ништо назад...
Нема сонце под дождот, и не надвиснува пак облак
кога мислите во душа болат почнувам да губам воља,
залудно појак нема секогаш во грешките поенти,
сам сум на себе препуштен во тешките моменти,
секојдневните проблеми време ги лечи,
што се уствари непроменети, вечни,
на луѓе нечив успех им пречи,
ко вкоренети во сржта, дали пак има надеж
кога мислиш дека некој знаеш
колку лесно можеш да се лажеш,
штом бродот почне да тоне,
секој твој проблем е голем, одиш по работ,
и не смееш да погледнеш доле ко да си сам против светот,
неуспех носи секој чекор,
те враќа на почеток од светот
или помири се со судбина, прифати вина,
треба сила да сфатиш вистинска причина што била,
во бура барај нешто цврсто да се држиш,
невремево се мршти но заедно потешко е да не` скрши...
Реф.
Кога врне размислувам, кога врне истура,
ноќта глува се случува се дур пишувам јас надеж имам
надеж ви давам, и не ви барам ништо назад, ха,
и не ми треба ништо назад...
Кога е бед еве ти секојдневие, не убива безредие,
деновиве ко години, ни минута неќе да помине,
за промена па некој бара пороци за душата расипана,
разболена, па подобро сподели добрина која ни фали
за да нема стари рани, ни користољубиви другари,
само прави, проблемите се пролазни, спомените се вечни,
но никад не ти пречи, знаеш дека се ќе се среди,
па цени колку вредиш, само немој да гледаш со презир,
патот е рапав, но вреди да го следиш пешки,
ако времето те стега како клешти,
нека не биде пречник, нема разлог за да кинеш нерви,
само ако мојте зборови допрат до тебе, тогаш добро,
тогаш немој да ми судиш кога не знаеш низ што сум прошол,
како било, зошто лошо, само јас си знам за себе, го чувам
па зборам исто ко да пружам ужас,
за да допрам и до било која расипана душа...[/i]
_________________
|