Бакнежот на Тарантула
Кулирам,убивам со вештина на Тарантула
Креирам мрежа од поеми,градам стиховна кула
Со зборови гмечам,секој противник за мене е нула
За себе што да речам
Тежок бунтовник кој сам свој стил си фура
Дупкава врие од полтрони,се шират како зараза
Твојот последен збор – моја почетна фраза
Пара како камиказа
Уште сум во фаза на трансформација
Крвта ми живцира во ваква ситуација
Со еден збор,полет и пенетрација
Кон зоната наречена тотална доминација
Дај да ти дадам една експликација
Заебанција нема со мојава нација
Кога ред е да вратиш нема време да сфатиш
Со колку капки крв ти ќе платиш
Во каква локва срам ќе се капиш
Зашто ти си тој што водава ја матиш
Казна од моја страна
Ама овојпат не прифаќам на рати
Да подигнам победнички чаша зошто да се плашам?
Кога главен даскал ми е Тупак
А приврзаници – римите
Кревам глава,сонцето ми подава рака да станам
А ти уште клечиш,угледот ми го сечиш со гласините
И во сонот те гледам со цела агенда во ноќта
Ми пружаш насмевка
А од друга страна подаваш нога да се сопнам
Меч во рацеве – попусто мавтам
До тебе не можам да допрам
На мртва точка
Нивната плунка – премногу слаба да ме сопрат
Уште еден миг,па ќе им ја опнам
А знам дека копнат да ме сопрат
Со зборови поотровни од корпа
Па,зошто се мачат презентирајќи лажни добра?
Реф:Нема бегање – пошто сум над тебе
Само стегање – бараш трошка милост за себе?
Ти си првиот или петтиот член
Не можам да се сетам
Малку иронија
Нож под грло за да те сепнам
Со задоволство ќе ја гледам претставата во живо
Ќе уживам во таа глетка
Секое парче од тебе разнесено на подов диво
И ќе биде израмнета мојата сметка
Го чувствувам бесот кој тлее
Во секоја моја жива клетка
Не запира потта,ниту гневот
Што ја запира секоја твоја насочена клетва
Те гледам и ти се смејам во лице
Лажливец од пропадната секта
Моќта е под мија команда ноќва
Зашто можноста за одмазда е ретка.
Ми претиш нели?
Ама жиливе се сеуште цели
Во нив тече крв на воин,
На феникс со крила врели
Па,ајде мери до каде ќе плукнам
Што ќе речеш со стхови смели ако те клукнам?
Криј се кога ќе пукнам
Потоп од бес кога ќе те бутнам
Со лице кон земја ползиш со мисла лута
Знаеш колку ми должиш
А пред мене со појава крута
Циничноста не се мери со ниедна валута
Коприви во уста,со желба пуста – да ме слупаш
Знам,не ти е гајле што во вечното море ќе нуркаш
Ама,не се предаваш,не се даваш,а крвта врие
Кога одлуката беше твоја соперници да сме ние
Во моето досие нема дамка што се крие
Ама сега ќе постои,официјално,заради ТИЕ
Цега тебе ти се обраќам
За ТЕБЕ камбаната утре ќе бие
Ја стискам ракава
Твојот поглед заканувачки ме мами
Ајде лилјаку напаѓај,не гледаш дека сме сами?
Со голи раце бори се,се до смртни рани
Сојузник во јавност ми се правиш
Пред враните ме браниш
И после да ми зариеш канџи во тилот
И да и биде многу мило
Кога како светулка ќе згасне твојот живот
Но,тоа задоволство ќе се претвори во твојата ноќна мора
Ќе трчаш низ пеколни патишта,ќе бегаш
А јас ќе морам да те колнам и да зборам
Се додека не исчезнеш со следната зора
Со крв обоена во демонова боја.
Реф:2x