Кога се наоѓав во првиот круг во пеколот на Данте
тогаш бев само невино двегодишно дете,
кога не знаев кој е Исус, кога не знаев што се гревови,
како да бев роден во предсегашните векови.
Но како што растев ми влеваа само надеж,
не сакаа да се разочарам ко жарче само жарев.
Поминаа три и четири години петта и шеста,
тогаш почнав да верувам во надприродната сила.
Во седмата година влегов во вториот круг на пеколот.
Дотогаш безгрижно детство, но тогаш го видов ѓаволот.
Тогаш се се стесна, тогаш почнав да растам
некои возрасни работи јас почнав да ги сваќам.
Имав уште многу пред мојт живот за гледање,
не ни знаев дека целиот живот е само учење.
Но не бев доволно возрасен, не бев доволно обучен,
но пекол си е пекол и така тој е одвратен.
Помина осма, дојде и деветта,
третиот круг на пеколот влезе во загатка.
Требаше да одберам неколку правци во животот,
одбрав некои правци кои не ми беа во сонот.
Меѓу тие правци беше и HIP-HOPот,
но најважно од се јас одбрав и лојалност.
Тука е и училиштето во кое сега се школовам,
но некои работи и сега не ги разбирам...