Ни крвта е вода
Ни водата е крв
Ни третиот е втор
Па ни вториот е прв
Ни железото е злато
Ни дијамантот e мек
Па ни за оловна тага алокохолот е лек
Ни светлината е црна
Ни иднината е минато
Па ни некој освен Исус се вратил
Што низ смртта има поминато
Ни храбриот е кукавица
Па ни летото е зима
И ни во универзумот од тебе
Поубава има
За тебе највисоките се долу
И редовите се бесконечни
На оние што чекаат
Да видат убавини надчовечни
Имаш врати секаде отворени
И кралеви ти се поклонуваат
Твојата убавина е моќна
Прави и неми да прозборуваат
И Афродита ти завидува
И секоја жена те мрази
Зошто не постои машко срце
Што не можеш да го згазиш
Ти си толку убава
Немораш ни збор да изустиш
За маж да маѓепсаш
И целосно да излудиш
Со убавина и сонцето
Денски го засенуваш
И секоја друга убавина
Успешно ја подценуваш
Презадоволна си од себе
Мислиш во рака држиш се
Но заборави ти убавице
Убавинита дека минлива е
Ти колку што си убава
Ти толку си и глупа
Твојот мозок е малечок
Не се гледа ни под лупа
Животот го трошиш
Пред огледало што зборува
И по сто пати на ден
Дека си најубава повторува
Му дозволи на Нарцисот
И тој мозок што го имаш
Да ти го контролира
И да те натера во животот
Само изгледот да те интересира
Си мислеше дека успеа
И дека во успехот ти летна
Но далеку си од тоа
Ти си девојка нула паметна
Исклуство немаш искусено
Мудрост немаш почуствувано
Книги немаш прочитано
А и дозволи на душата
цел живот да го чита
такстот под сликата твоја
што по сите списанија скита
а го заборави најважното
текстот за староста
што постепено ја убива
и ја брише младоста
а така ќе научеше
што со години те очекува
и дека твоето лице наутро
грдотија ќе го облекува
и дека пред огледалото што зборува
кога ќе застанеш ни таква
тоа сто пати ќе ти каже
дека си стара,грда и никаква
убавината за која живееше
ќе ти биде недопирлива
а војската на староста
ќе биде несопирлива
требаше да нау4иш дека
твојата светлина е најсјајна
но не и на неа да се потпреш
зошто не е таа трајна
требаше ти да спознаеш
дека други вредностипостојат
и што на патот дури до крајот
во човекот можат да опстојат
во тебе нема ништо
ти си како кристална вазна
кристалот ќе се скрши
и ќе останеш празна
ќе дојдеш до степенот
да се плашиш од луѓето
и од очи што гледаат
нема да смееш да излезеш
зошто од тебе ќе бегаат
ќе се каеш до смртта
зошто дознаваш сега дека
нашиот господ бог
пред дваесет века
внатрешна и најубава
убавина ни дал
а ти ја пречекори заради ѓавоскиот кал
“ШТО Е СЕГА ВО ТЕБЕ
И ШТО Е СЕГА НА ТЕБЕ”