Животов не е игра – да го ставиш на пауза,
Да победуваш по навика, да следиш прописи и правила.
Животот е коцка – Тече време – немаш веќе,
Шизик на ризик, адут во ракав ако сакаш да си среќен.
Ако сакаш да се разбудиш следниот ден..
Играј по свое, чувај го грбот заштитен сам,
Нема грам срам, па нема ни брат,
нема сенка што те следи до гробот,
Сонот станува кошмар оставен си да играш соло без ломот.
Паѓаш и тонеш повеќе од што победуваш,
Таман поведуваш изигран си пропаѓаш..
Те демнат ламји од сегде.. Од сегде ти се смее пропаст,
се прајш стока да не го видиш следниот пораз..
Посегнуваш по дрога..
Прво си голем ти си копиле што пуши ганџа..
Стрејт си.. Не правиш други срања..
Не се плашиш, уште си ситна риба,
Зимаш на кибрити дилаш земен си на пик брат.
Бегаш од џандарите а уште си на старт..
Нема веќе гане идеме на тромадоли..
Дома е се полошо.. А ти правиш се да не те боли,
И да те коли некој сега не осеќаш пак,
Плаво-бел закон брат.. Ладнокрвен си гад.
Нема бомбони во градот почнаа први кризи,
Коски болат во стање е човек да здиви..
А вечер има журка.. Ќе се праат таблети?
Што е тоа мдм да сетиш? Нели нема.. Вети?
Нема везе газиш по себе да стигнеш,
До нешто што ќе те дигне, да го видиш небото сине..
Се топиш и пак и пак си среќен што не боли,
Размислуваш за нов ден.. Следно што ќе сториш?
Шема е, луѓето околу такви се..
Амфети не си сетил па да пробаме,
Уморен си од животот клет,
Правиш брзо срање за да осетиш бес.
Колнеш и пцуеш кога гледаш само побрза реалност,
Не си уште близу до лекот сакаш нешто нестварно.
Зимаш картон да споиш други димензии ете..
Не е се така перфектно седи мирен дете..
Нема ништо крадеш од дома да земеш гане..
Сакаш пак нешто ново, а мора да играш со памет..
Не остана избор.. Крајот секој ти го гледа,
А ти си убеден сепак, дека си чист сега.
После подолга пауза назад во играта..
Ајде само еднаш ветуваш ќе ја пробаш робата..
Само проба нели? Така велиш..
Но зарем ова не е најдоброто што го сети?
Избега од се.. Избега од себе..
Со хероин нема играње дете..
Осети тоа што го сакаш.. И те прави среќен..
Исто е виде и на фолија..
Ама нели ти рекоа ганот е друга сторија?
Се мавна брат.. Отиде во курац хах..
Се осети највисоко на врвот.. Немаш сега маки на грбот,
Зошто не си тоа што гледаш.. Ти Брат ти си на дното.
И имаш кризи брат? Посегаш пак,
Не си јак да ставиш крај.
Сакаше да избегаш од животот сам
Заглави во вечен кал..