мојата прва песна снимена во професионални услови, макар да продукцијата е послаба поради "квалитетните" материјали што му беа доставени на продуцентот....сепак сакам коментари ме интересира како ви се сфиѓа песничево...
почит
почеток, тешки чекори во полутемен ходник, од позади демнат стихови со значења задгробни
за'рѓан потенциометар, крие снимки пробни, гасам светло, целосен мрак, и намери злобни
му приоѓам отпозади, тој стои неподвижен, звучна изолација, врисокот е тука згрижен
по планот ко подмачкано, нејќам компликација, fade in, гаден ритам сега ГАДНА СИТУАЦИЈААААА!!!
-
замавнувам со лева па со десна рака мавам, мозок исушен од трава мрдам горе доле глава
и дур глава ми е матна, слушнав галама одвратна, едвај видов VU-метар на црвено стапна
тогаш чуден оган почна во мене да гори, стихот што го кажав во капка крв се претвори
желба за крвопролевање нема време за чекање, нова строфа - нов замав, почнува нова драма
морничава позадина, штом мрачна строфа кинам, ко посмртен марш ритам ечи во далечина
отварам очи, стегам заби во мракот гордо стои, чекам нов почеток, метроном тактови брои
цврсто на две нози, и замрзнат поглед, пред мене пак е матно џабе микроскоп и двоглед
измешани мириси, мувла прашина и крв, од подрумска соба глува грабам кон својот врв
сонот ми се оствари, двајцата во подрум сами, го правам ова за без пари, желбата за моќ ме мами
сега сетив попушта, искри летаат насекаде, рими плукам не се броат, со бинарен и декаден
почнуваат силни потреси, земја од таванот се рони, леден рап но пак се топат процесори, микрофони
еквилајзери вријат, дур сите мирно спијат, рушевини оставија, стихови што не се кријат
кошмари ти направија, ритамот и мелодија, со рефлекси ко на змија, убивам ко инекција
и дур смтроносна доза, шприцам низ жица, позади стакло продуцентски замрзнати лица
топам PVC, преоптоварена електрична мрежа, зад мене гледам само микрофони мртви лежат
денес ѕверот од мене се ослободува, тој после мене овие зандани ќе ги чува
за да знае што стана, земјата распукана, отвори жива рана, сега крвта распослана
остана, спомени да чува неми, за underground стиховни искуства борбени
од поразени и згазени, болен крик се шири, дур посмртниот марш, продолжува да свири
излегувам, врата чкрипи ко во страшен сон, таму остана да виси само КРВАВ МИКРОФОН!!!
песната:
http://rapidshare.com/files/182988001/K ... krofon.mp3
однапред благодарам за искреноста и потрошеното време
почит
мир!