Сега е точно : Maј 19th, 2024, 8:54 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Роза
ТемаИспратено: Jуни 19th, 2009, 6:15 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 24th, 2008, 2:11 pm
Мислења: 16
Локација: Овде
РОЗА


Се започна од денот кога одев на кај школото,
со чекорот забрзан да не закаснам повторно,
со слушалките на уши рушам сентименталност,
размислувам на тоа колку е тежок овој живот.

Премногу гужви, денес пазарен ден,
тешки облаци го демнат денешниот плен.
запурно е времето и дишењето е потешко,
а срцето размислува дали постои љубов за него.

Покрај сета напнатост и тешка разочараност,
погледот застанува и ме носи во занос:
гледам црвенило, стопосто се рози,
не би застанал погледот ако не мисли на солзи.

Миризбата ме наведе да бидам оптимист,
таа миризба мене не ме прави ист.
Си помислив во себе: "Ова нешто значи",
го потврдив тоа кога убавина што зрачи
ми го замати погледот, ги смени моите мисли,
срцето се заљуби без воопшто да размисли
Да!!! Те здогледав тебе,
во тој момент почувствував: се оделив од себе.

Животот ми стана како една сложувалка
на која и фали делче за да биде совршена,
но ти си тоа делче по кое срцево ми плачи,
не може да те фати и на парчиња се парчи.

Знаев дека си песна напишана од раце божји
во која се гледам меѓу грешните души.
Не сакав ни за момент да ги заборавам тие очи..
Не сакав ни за момент срцево да замолчи..

Не можев да застанам и решив да ти пријдам,
не знам како дозволив баш тогаш да те изгубам.
Но следниот ден поминав од тука,
купив една роза и те чекав баш тука.

Но залудно чекав! Срцево се натажи.
Никако розата полека да овени,
тоа значи надеж до последната капка.
Со спуштен поглед продолжив понатака.

Розата нон-стоп со мене ја чував,
не знам зошто, но на тебе се сеќавав.
Па имало нешто, по два-три дена
те здогледав тебе и здивот ми застана.
Ја извадов розата, го попречив патот,
те погледнав во очи, тоа беше мигот
кога моето срце престана да чука,
летна во височина и заборави на работа.

Се вратив во нормала и се запознав со тебе,
немав што да зборувам, се изгубив во себе.
Најубавите моменти од мојот живот
лежат точно тука заедно со тој блесок!!

Најубави и последни, не дочекав уште еден миг
да ги видам тие очи тој ангелски лик.
Ех камо да можев да го вратам сето тоа,
да го видам тој блесок од твојата насмевка!!!

Неможам да издржам ме гуши параноја,
секој миг јас помислувам:
"Проклет да е денот кога тебе јас те здогледав!!!
Проклет да е часот кога без здив останав!!!
Проклета да е веста кога мене ми соопштија
дека уште еден ангел заминал од пустелијава!!!"
Заминал во вечен живот каде нема маки.
Неговите траги завршија со овие лаги.

Зар мораше тоа баш тогаш да се случи!!!
Зар мораше тоа да бидеш баш ти!!!
Зар мораше тогаш!!! Срцево се скамени.
Точно баш тогаш и розата овени!!

Плачам јас, плачи таа, пушта бледа солза,
плачи за ангел кој ми дава мене полза.
Животот е горделив, чекорам понатаму,
но се е поинаку, се е понадолу!!!

Чекорејќи по патот една ситна солза
ми го навлажни лицето, видов стара поза.
Вдишав длабоко - позната миризба,
Господи повторно здогледав роза!!!


_________________
.!.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Jуни 19th, 2009, 7:15 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Ноември 29th, 2008, 10:32 pm
Мислења: 122
Локација: Кисела Вода
хмммм...поезија [во проза-_-]...
Како за тој жанр не е лошо воопшто. Додуша ми смета кога нема рима...
шо знам... :?
почит.

_________________
шкљ.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Jуни 20th, 2009, 2:25 am 
Отсутен

Регистриран: Maрт 23rd, 2009, 3:29 am
Мислења: 34
Локација: gradot na poroci
да се вратиме на темата зошто хип хоп-от е мртов

_________________
potpis data pijam voda


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Jуни 23rd, 2009, 12:09 pm 
Отсутен

Регистриран: Maрт 3rd, 2008, 12:31 am
Мислења: 50
Локација: Doma
А рими ?/??? :shock:

_________________
And you cant trust nobody (nobody)
No one (no one)
Im the scorpion


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Jуни 23rd, 2009, 12:23 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Maрт 6th, 2008, 11:48 am
Мислења: 85
Локација: nekade na ulica
Хммм, и ова ти е MC... хаухауахаухауа ....летна во височина и заборави на работа.... нема ни рима, може е добра темата али со детална преработка хауаухауахуахау.... брате ова не е текст за рап алоооо порчитај пред да пратис лирика ако ова може така да се нарече.....

_________________
Рапот Верно Го Чува ДнС Екипа...(една љубов)


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 2 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап