Гушни ме!
У чурац животот и светот, разочарана од сето, мислите несредени, чувствата повредени, проследени со болка, сите мигови на тага, немам снага да се соземам и запирам - не разбирам: зошто да продолжам да живеам во ваков пустош..разочарување, непоштување, сонување будни сни а всушност кошмари, соочување со реалноста, со стварноста - сé е студено, без боја, црно-бело, во моментов или сé е лошо или јас сум далтонист, а ко празен лист е животот, но немам бои за да сликам, земам молив шкртам на друг, а моливот не НВ, туку НС, груб!
Гушни ме, молчи, не објаснувај, не ми треба утеха, ми треба силна прегратка;
Гушни ме и солзите нека се впијат во блузата од која очиве се тријат...
Гушни ме, стегни, да заборавам, да не мислам,
дај причина за живот пред да се премислам...
Не ми требаат зборови, не ми треба објаснување,
штипни ме, разбуди ме од сонување, сочувствување е тоа што го барам, биди дел од мене бар за миг, во недостиг на зборови што искажуваат, ми требаат само раце, болката ја покажуваат, стисни најсилно што можеш, покажи дека си тука, осети го срцето врз твоето што чука; некогаш зборовите се празни, без смисол, претвори ги чувствата во цврст стисок.