Сега е точно : Jуни 1st, 2024, 10:07 am

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Почетниот Удар - РазбојничкиАнгел
ТемаИспратено: Maј 4th, 2006, 3:42 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 29th, 2006, 11:54 pm
Мислења: 138
Локација: Скопје,Аеродром
Почетниот Удар


Ова е само почеток,вовед во сторијава
Врежувам длабоко,ја проектирам историјата
Нема потреба да измислувам
Забоден на колец те замислувам
Ти и твојата “сила“- твојот клон
Дали има некој доброволец
Што ќе застане на патот кон мојот сон?
Знам,ќе се извишам како млад страк
Твоите мисли се темни,
жигосани со демонов знак
Очи кон небо,вдишувам и тука сум пак
Млаз од воздишки и некој лик преточен во мрак
Ми ја зема раката,ми покажува грешен пат
Глува за звукот и слепа за денов
Но,сепак одам со мисла за победа
Се живо колам,од грб те гледам со недоверба
Рецитирам,пошто морам да извршам проверка
Дали темпово е доволно брзо да се мери со стоперка
Раперишта – во готовс,доаѓа бесна раперка
Оковите ги кинам – време е за одмазда и препирка
Очиве копаат бесмилосно,а зборовите се тегнат
Запри,дај да здивнам
А после спреми се да те впрегнам
Во колата на стравот твојот нарав ќе го стегнам
Шкрипиш со заби од бес ил страв
Пак да не те победам
Кога те гледам – се криеш
Страв ти е да не те повредам
Но,раната те рие,те пече штом те погледнам
Ми делеше клетви уште пред омразата да ја согледам
Рез во кожа,удари тешки
Без грешка ќе те доделкам
Ноќве се будам со мисла на тебе
И почнувам да повраќам
Зашто од тебе ми се гади
Финтиве ти се слаби
Не се мршти,туку почни да се крстиш
За идниот грев што ќе го сторам пошто морам
Не ме сфаќаш?
Под кожа ти ги праќам
Моите рими,моите убиствени браќа.

Реф:Почетниот удар веќе профучи
Ја пуштив мојата мелодија мозок да ти пробуши
Иако те посматрам – без прекин ме меркаш
Доаѓам со тропот од пцости
Како непобедлива ѕверка
Бесот не може да се измери
Римиве стануваат врели
Мрежава чека подготвена
А мисливе за напад се зрели
Дали твоите екстремитети
Ќе го издржат овој пукот
Со кристслни стрели ако претиш
Ќе паднеш пред да го доловиш звукот.

Дали мислиш ќе те посматрам од најтемниот агол
Дали воопшто мислиш со такво срце на ѓавол
Одмаздата крваво ме води
Да ти покажам како без нож ќе те здоболи
Залезот се ближи,ама не склопувам очи
А ти не се грижи,мојот збор ќе те столчи
Не мели,туку мижи,мојот збор ќе те замолчи
Ја осеќаш ли болката што кружи
Мојот поглед ќе те зароби
Оној кој со грешниците се дружи
Ќе моли кога ќе го заболи
Ангелот моќта ќе ја пружи
На оној што со нечистиот нема заговори
Дали доволно боли сега
Зошто се обидуваш кукавички да бегаш
Кажи – не се умира од отровни зборови
Го гледам истиот трепет
На слабак кој од мало ветре се гуши
А уште повеќе ќе се тресеш
Кога мојот опасен бит ќе те оглуши
Не престанувам да рокам
А рокам само текст ој ќе те сруши
Комбинирам,кој збор да го бирам
Твоето тело да го опкружи
Маскирам,моделирам,која фраза да се вмеша
Како смртоносна зараза крајот да го заокружи
Те убивам со брзина на ракета
Ја оставам како споман низ просторов да кружи
Гневот ќе ми спласне
Кога твојот живот ќе згасне
А до тогаш кој е на врвот
Зборовната комбинација ќе ти покажи.

Реф:2x
[/b]



Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Maј 4th, 2006, 10:36 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Дефинитивно добар удар за почеток :)
Снимено ти е или?
Поздрав


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Maј 4th, 2006, 11:46 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 29th, 2006, 11:54 pm
Мислења: 138
Локација: Скопје,Аеродром
Засеа неам услови за тоа,ама понатаму...ќе видиме.Иначе фала, ќе испратам и некои други - можеш да коментираш.

П.С.Дожививај го секој стих како граната од чувства и ќе ја оправдаш положбата на командант и водач на твоите мисли.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Maј 5th, 2006, 8:12 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Февруари 24th, 2006, 3:01 pm
Мислења: 597
Локација: MRACNITE ZANDANI NA TVOJOT MOZOK
ABE IMAS KOMBINACII SO BIBLISKI RAP AMA BAS TOA MI SE SVIGA!!!!!! :)

_________________
AM I EVIL? YES I AM
AM I EVIL? I AM MAN
-----------------------------------------------
FENIX POVTORNO SE PRERODI.....vo mracnata kelija na psihickiot grob........................


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Maј 5th, 2006, 9:43 am 
Отсутен
Администратор
Членски аватор

Регистриран: Maј 26th, 2004, 2:52 pm
Мислења: 1745
Локација: Los Angeles, CALIFORNIA USA
ima nekoi stvarno odlicni delovi...ama steta so se upotrebeni za pcuenje!toa ne me bendisva!....

_________________
http://www.freewebs.com/agato
http://myspace.com/agatodemon
[email protected]
Слика


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 13 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап