Рх2
Боже кажи ми што да направам
Од ова сивило може ли да излезам
Има надеж или и таа умира
Дали се направено во вода пропаѓа
1.
Огнот згаснува пепелта останува река од дожд почнува да навира
Пополека по лицето ме облива се губи се незнам кој пат да го одбирам
Што да направам боже кажи ми дали ќе успеам крајот да го избегнам
Ветрот дува прашината на телото се залепува за да издржам треба да го стегнам
Срцето мое кое почнува да се кине неможи тоа повеќе и надежта умре
Боже кажи ми што да направам за да стигнам до утре
Ќе успеам или не па кажи ми повеќе неможам да размислувам да се сетам
Што било што ќе биде само црни лажни маски ми излегуваат сакам во облаци да летам
Да бидам слободен како птица незапирлива но невожно е тоа па што да правам сум во агонија
Седам на столот слушајќи ја тажната затреперена симфонија
Што ветерот ја создава дувајќи за прв пат од сите страни заедно
Веќе цел труд се е залудно се чувствувам срамнет со прашината едно
Нема што повеќе да барам се е уништено се свртено против мене немам амбиција
Конструкција непозната работа нема инспирација невозможна креација
Немаш помош од никој нема копродукција неможам повеќе се губам без концентрација
Рх2
2.
Немам што да правам многу работи во мозокот собрани на што побрзо да мислам
Се плашам дали крајот доаѓа дали ќе се скине конецот на кој висам
Неизвесноста не ме прави посилен туку ме вади од такт ново лудило
Нов факт да го набљудувам неможам целиот блокиран тешко бунило
Само сурова реалност нема повеќе живот само црнина и сивило
Темнина мрак се губи и последниот зрак со надежта исчезнува
Нема зошто да живеам нема повеќе среќа нема што да се празнува
Дали за сите грешки направени врз мене господ ќе казнува
Или ќе останат вечните демони од кои сам неможам да се спасувам
Гледам сите фактори ме туркаат во бездна мислам дека нема да успеам
Се прашувам дали се или не залудни работите што ги правам
Дали глава мисли или џабе постои дали низ сите препреки ќе заглавам
Или со се она што ме опкружува ќе најдам начин да се справам
Господе поможи ми изведи ме на вистинскиот правец покажи ми го патот
Како од се што околу мене е заебано јас да го зачувам вратот
Рх2