Тоа што не ми кажал никој за сајтов само ве заштитувал
јас сум реинкарнација на ѕверот што планети уништувал
рокам како Луис Армстронг сосе целиот бенд
и лирично ставам гомнари ко тебе во ковчег секој ден
имам лирики на таван од кои ке ти се сврти умот
а сигурно ќе се онесвестиш ако видиш што имам во подрумот
кога идам по улица од далеку личам на ленд ровер
и биди сигурен дека лаже тој што вика дека не сум рапер
сегогаш доаѓам точно ко равенките на ѕидот
тие што ќе ме наљутат им ги тркалам главите по ридот
јас сум тој што ги остава пензионерите без пензии
и пред да почнеме со двобој дај да ти земам димензии
ќе викнеме и нотар да ти го запише тестаментот
не ти давам да ебеш за последен пат, закопчај си го патентот
јави се дома и кажи им да не те жалат, да ти купат венец,
да сварат пченица и да купат едно шише „Вранец“
за погребот по кој ќе им ја пратам сметката
ако е фина на изглед може ќе ти ја ебам тетката
но во меѓувреме легни и спреми се да умреш
пуштам струја низ тебе се додека не замреш
не се теши дека имаш шанси да идеш у рајот
зошто ИМА САМО МРТВА ТЕМНИНА И ТИШИНА ПОСЛЕ КРАЈОТ
ова беше само примерок од мојата рутина
вака постапувам со сите што рапот им смрди на урина
и ете веќе сме на пола, твое е да бираш
дали ќе се ислучиш или ќе продолжиш да скролираш
техниките ми се до крајност, вежбав Ву-Шу во тајност
и скоро никој не знае за мојата подземна дејност
со гола рака кршам шина, со прст дупчам како бор-машина
кога мавам раката не ми се гледа од брзина
имам техника и сила, ми фалат уште крила
и лесно ги кинам сите раперчиња мекани ко свила
а ако ти си од памук ти давам совет не се курчи
за да станеш челик како мене не е доволно да учиш
ти треба дарба, две фурни леб и десет тенџериња сарма
а мене не ми требаше ништо, ете тоа ти е карма
или судбина, затоа внимавај во иднина
ако се сопнам од тебе ќе те пратам во небиднина
сите глупави ко сојки, ги гледам како бројки
и веќе приметуваш дека се префрлив на тројки
почнуваме со сто кила тега, црно како Лоу Бега
слабото раперче да бега, рапов по грлото го стега
еве ја петката од петто кога играв на Сега
уствари беше нинтендо, сега сечам како Сендо
и играм прљаво, користам хххххх во Кен-До
вака јацата ги мрчам, се пред себе кршам
немам веќе што да учам, земја се тресе кога трчам
ако ме оставиш вака можам до сабајле да го прчам
сакам да добијам коментар од администраторот
одмори малце, ќе те болат очи од мониторот