Без избор со ист збор и изговор без смисол
повод мирен и тивок но никако на исто ниво
далеку од мене кога ти огледало ќе земеш
осеќаш ли терет во себе дали мислиш си посебен?
а проследен и победен на крај на светот одведен
доведен во подземје каде сум останал доследен
проблем голем е то шо те носев тебе во себе
но прости се заборави дека те сакав од се повеќе.
па ослободи ме од болка од кошмар од вакви мисли
ослободи ме од злоба сум добар со факти чисти
кој кого користи и од почеток се си осмислил
на крајот се да остави на се да заборави.
останав слеп до крајот не забележав ништо
останав личност до крај со чисто срце и стихот
испишан сликовито врежан во срце
на повидок е крајот на се што бевме си отидов.
Поздрав!
