НАЈДОВ БАЈСИКЛ во Скопје

најпрво по препораките на дудо си купив 2 шпила пиатник од беверли и после ден-два ми се јави другар и ми кажа дека има бајсикл во матица, кај екс шоп што е, кај соборна, вчера си купив 1 а УТРЕ КУПУВАМ УШТЕ ДВА
иначе скапи се, и не ги препорачувам за почетници, според мене најболје за почеток се 100% пластика, има едни добри од пазар и има едни ројал голд супер се за почеток, а исто така и пиатник, иначе бајсикл се 370 ден. шпил тоест црвените и сините, а црните се 450.
па бујрум во матица, ако не во странство
иначе ја почнав да праам трикови 14 мај 2009, и од тогаш вежбам секојдневно, даунлоадирам двидиа и учам од интернет, тоест од learnmagictricks.org и од јутуб, тоест од типот по име mismag822, и така еве сеа коа сум на распуст дома коа седам коа не сум со друштво, вежбам трикови
иначе успеваат триковите, 99% ми успеваат пред другари и пред сестра ми, а пред родители бедни 10%

, никад неможам пред нив да направам добар трик, освен математички шо секад успева, ко некоја чудна трема иам пред нив и така, мислат дека не ме бива

, не се шалам сум им покажал клипови шо праев трикови и така знаат и то.
од кај ми текна да вежбам трикови незнам, ја одсекогаш сум бил фасциниран од магија и одсекогаш сум сакал да ја знам и да ја практикувам, но не за разлика од графитите, пример, графитите мене секогаш ме интересирале сум ги забележувал, ама некој да не ми покажел како се цртаат и да не ме подбутнал, никад не би нацртал добра скица, а камоли графит. А картиве се друго, прифатливи се од секој и нема ништо боље од изразот на лицето на човекот после добро направен трик
после говоров сам себе се инспирирав и сеа идам да вежбам
