RaP-RiVaL Напиша:
Од почеток до крај си во право.
А сатива , шо викаш и последна надеж да му е..
А ако има жена и деца за гледање ?Ќе се држи до принципите , а децата нека умрат.Зборам ако се занимава со рап ( професија да му е ).Едно е да живејш сам и единствена одговорност да ти е твојот живот , а друго е да зависат други животи од тебе брат.Ти си сепак поголем од мене , имаш поголемо искуство , и го поштовам то.Али јас вака размислувам и то е то. Зато најпаметно е рапот да ти биди дел од животот како хоби , али не професионална работа и извор на финанси , само така можи да се задржи духот на рапот , според мене.
Епа брат деца се гледаат и со 100.000 долари ја мислам...и со помалку...(зборувам фиктивно за сумата, се надевам дека ми е разбирлива поентата - дека можат да се заработат пари за живот, а за луксуз...зависи)
А ако не можеш ни за живот да заработиш брат, мењај професија. Каква и работа да најдеш во животот, колку и да ја сакаш, ако немаш леб за јадење, нема да ја работиш. Барем не професионално.
Ако толку сакаш да рецитираш, и имаш одредени принципи кои не сакаш да ги погазиш, и сето тоа не ти носи леб дома, остај го како хоби, а професија најди си друга. Никој не те тера да бидеш професионален рапер. Бори се за тоа што мислиш дека вреди, прави го тоа без да се продадеш, па натаму како ќе биде, така.
Јас не реков да не зимаш пари од рап, туку да не ги продаваш идеалите за да му купиш џип на син ти. Барем јас така мислам.
Углавно се согласувам и со коментарите на girll и на nyx. И со твојот. Поентата ни е јасна, веќе почнавме да дискутираме детали, а тоа се веќе дебати за на др место, не за на форум. Напорно е читањето на километарски постови
почит
мир!