Не знам дали има ваква тема, очигледно не сакам да листам низ 1000 теми у форумов да видам коа за што е, така да еве постирам нова, па у случај да има ваква тема само споите ја мојата со таа.
Е вака...скоро цела година го следам форумов и скоро секогаш кога ќе го уклучам наоѓам нешто што ме иритира. Добро бе луѓе кој вас ве стави да одлучувате што е вистински рап а што не е? Како се што се врти по радиостаниците е комерцијала, било дали е македонско или странско? Кој вас ви дади такво големо знаење па вие, членовите на македонската андерграунд сцена составена од максимум 300 луѓе, да проценувате што е добар рап и да им попувате на 6 билиони луѓе во светот? Демек они што слушаат и што мислат дека е рап нема врска, туку вие само знаете.
Ова не го пишувам спрема никој специфично, али гледам дека тоа мислење предоминира на форумов. Демек комеријала е срање. Добро ај да почниме од почеток - Тупак. Најкомеријален рап што постои до ден денеска. Зошто сите тука му се клањате како да е бог (или барем добри 95 проценти од вас)? Од него по комеријала нема, не е битно кој си што си, и на Цеца број еден фен да си и, шансите се дека знаеш барем една песна од Тупак. Зошто он не се смета како срање тогаш? Затоа што он излегол во период кога рапот не бил слушан толку? Да не била таа комеријала вие благе везе ќе сте немале од рап музика. Ај бидете искрени, која беше првата рап песна што ја слушнафте што ве заинтересира во рап? Сигурно не беше некоја тешка андерграунд трака.
Ај да збориме за рапот денеска. Првен, странскиот рап. Young Jeezy, Kanye West, Lil Wayne, Rick Ross, итн итн. Сите релативни комерцијали сега во последниве 2-3 години, а сите имаат издадено андерграунд цд пред да се пробијат. Што треба тоа да значи, дека пред 3 години биле добри, а сеа за ништо не ги бива? Сте слушнале што тесктови имаат? Је да нормално како и рекој рапер денеска имаат по некоја песна од стилот “најдобар сум, види ми го ланецот“ и такви работи, али пак ќе кажам - СЛУШНЕТЕ ИМ ГИ ТЕКСТОВИТЕ. Вода во лажичка било кој можи да им носи. А за рапот во Македонија сега. Групи како Клан Исток, САФ, итн итн не се комеријала? Ако не се, зошто секој рапер во Македонија ги врти на компјутерот и ги идолизира? Нели комеријала е се што е пошироко слушано? Малку хипокрити сте или така ми се чине?
Според коментарите што некои луѓе ги имаат оставено тука, комерцијалата би ја дефинирале како гранката од рап музиката која што има професионална инструменталка (онаа што звучи добро а не како срање, што очигледно е по почитувано) и онаа што е пошироко слушана. Зошто ако нешто звучи добро, има е бејслајн, има и инструменти, има и добар бас и ритам и музика е комерцијала? Гледам повеќето од вас не го сакаат Снупи МС ради таа причина. Значи ако можеш да ги ставиш сите аспекти што прават едно добро парче музика во една рап трака, тоа треба да го избегнуваш затоа што тоа е комерцијала и срање. А ако имаш само еден бит во позадина, некое синтисајзерче што чат пат отсвиркува некоја нота, а и двете едвај се слушаат заради тоа што раперот се дере врз нив и зборува за некое си гето во кое што живее ( и звуче како да било направено на микрофон за компјутер во 2 саата дома), тогаш тоа е добар рап.
И не знам како можете да зборувате за комерцијала и да се филмате дека демек не ја слушате, кога во реалност 90 посто од тоа што се смета во Македонија за андерграунд е комерцијала. Јас живеам во Америка, и кога и да поминам низ гетото, гледам некој црнец, седнал на блокот, пуши кристал, а у позадина му е пуштено оној вид на рап што јас го слушам - а според вас тоа е комерцијала. Зошто тогаш ги идолизирате овие луѓе? Сите сте гето, сите се облекувате во широко со бандани со капи, се идентификувате со таа култура, а индиректно кажувате дека тие луѓе кои што ги имитирате се фејкери (затоа што ја слушаат американската комерцијала).
И на крај краеви, секој прави музика за да биде слушана. Секој си има задоволство кога ќе заврши некој проект, и сака да биде исслушан од што повеќе луѓе, затоа што таму е ќејфот нели? Музика не е за на компјутерот да ти стои и само ти да си го слушаш. Ако не сакаш да бидиш слушан пишувај поезија, а не рап. Епа зошто тогаш тие што се вртат по антена или по било кое радио се за никаде? Не сакате вие да бидете слушани од македонската публика па макар и пошироко па да им покажете што е вистински рап? И ај да речеме вие вака андергроунд групи ве пуштат на антена за некој месец. Ќе бидете комерцијалки тогаш? Да не некој случајно ќе отиде во антена и ќе им рече “еј извинете не сакам да ме слуша мене цела Македонија, сакам само да ме слушаат тие што знаат што е рап.“ Реалност малку.
За заклучок, пошто многу се запалиф, рекоф дека се нервирам многу време за оваа тема. Ова мислење не ми е со желба да навредам никој или па не го директирам кон сите вас. Ова мислење ми е за една мала група на луѓе кои што им вршат притисок на поновите хип-хоп слушатели за тоа што треба а што не треба да слушаат. Сакаат да се докажат дека многу знаат за хип-хопот, дека ептен се јаки и андерграунд, а уствари и самите бараат валидација во свет што не е основан уште баш во Македонија. За тоа никој во Америка не ти вика дека си лажен рапер. Само во Македонија тоа го има, затоа што никогаш немаме поддршка еден за друг, туку секој сака да го надмине другиот, па затоа што е љубоморен на способностите на другиот, ќе го критицира и ќе го наречува фејкер.
Сепак, поздрав до сите членови на сајтоф, ми се свиѓа тоа што рапот во Македонија добива моментум во последно време, и ми се свиѓа што барем луѓето се трудат да прават траки.