Значи малце ми е глупо (малце појке) да пишувам за себеси, но на другата страна нели не би било фер

да не ве известам вас за најфреш новитетите во врска со мене како холандска раперка.
За тие што не ме знаат: На Холандски рецитирам веќе 6 години имав до сега доста настапи (сигурно над 60), една мала турнеја низ Холандија и сум била предпрограма на големи рапери во земјава. Во 2006 потпишав 3 годишен договор со Veni Vidi Vici Entertainment кој ќе се продолжи во ноември. И сега во јули ми излезе првиот ЕП кој се вика Nieuw Jasje EP (во превод Нова Јакна ЕП) кои се состои од 7 нумери (5 траки, Интро и еден скит) две од нив се веќе постари песни кои ги имав снимено на интернет битови и кои сега ги облековме во нова јакна (затоа се вика ЦД-то така).
Е сега заради ова и почнав да ви пишувам: НАЈГОЛЕМИОТ ХИПХОП МАГАЗИН (State Magazine) во Холандија
објави вест (и тоа на насловна страна.. оуу јеееа бејби) дека мојот албум е излезен што е доста голема работа тука моментално пошто секој втор човек е рапер. Mногу сум си хепи за ова и морав да го споделам со вас. Ако мислете дека темава е непотребна слободно избришете ја. Но хард филингс.
За да чуете како звучи албумчето:
http://www.youtube.com/view_play_list?p ... A4F4070E94