Еве,малце и нешто од мене,еден freestyle,не е нешто баш многу јако....ама 4итајте и оставајте коментари!
Пази да не згазиш на мојата мина,
Коските некако те држат,ама волјата ти згина,
Дуел еден на еден - ќе те исфрлам од бина,
Овој ден ти е последен,
Збогувај се со твојата театрална рима,
Болката внатрешно те пече,цревата ти ги искина,
Рапот не е игра,рапот е креативност и вистина,
Не си на моја висина,а прв си на црниот список,
Мојот фатален стисок предизвикува паничен врисок,
Впивање на жестината и разобличување на крикот,
Најавувам бура со извикот,страсно повикува предизвикот,
Завојувач на просторот - монструозен агресор кој со траки убива,
Мојата вештина - заснована на проверени факти
Затоа никогаш не запира,никогаш не умира,
Ама тешко удира и со твојот микрофон се судира,
Немаш шанси да ја запаметиш оваа рап студија,
Дали не успеав,Господ ми е единствен судија,
Микс од вокал и инструменти - бес место мирудија,
Веќе не сум на земја - станав и римите се разбудија,
И погодија во целта - духот ти го растурија,
Моите рими сега стапуваат во сила,
Те заземаат бесно како фурија,
Хардкор и фејк на едно место,
Крвнички се бори мојата железна сурија,
Финито на твојата гангстерска илузија!
Поздрав и По4ит од Разбојничкиот Ангел!