
Како дел од Тотал Демо Фестот кој го организира клубот Кастро, на 22 и 23 јануари ќе има две хип хоп журки. Овде ќе се претстават екипи кои досега немаат издадено албуми и кои се горе-доле дебитанти во рап музиката и хип хоп културата во Македонија.
На 22 јануари настапуваат Чернобил Младина, Drunk Flow, Подземен Агол, Марви, NPU, Crash, Vlado, Ado, West Destination, Легионер.
На 23 јануари пак, на сцената во Кастро ќе се качат Stres, Двоен сомнеж, B Clan, Секогаш на своето, Djolly, Стиховно војување, Raw N Wicked, BFH, Ortografija Crew, Freestyler.
Настаните започнуваат во 19 часот, а влезницата е 100 денари.
Доколку сакате да ги поддржите младите македонски хип хопери – можете да поминете во Кастро на 22 и 23 јануари.