Мнозина истражувачи сметаат дека Nострадамус го предвидел и атентатот врз Југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј што се случил во 1934 година. Во ова пророштво се спомнати Mакедонците. Еве како гласат стиховите:
Нострадамус во своите стихови 58 Quatrains - Century X пишува
58
In the time of mourning the feline monarch
will make war upon the young Macedonian
Gaul to shake, the bark to be in jeopardy,
Marseilles to be tried in the West a talk
или во македонски превод:
Во времето на народната жалост невидливиот крал
ќе војува против еден млад Македонец.
Gалија ќе се затресе, бродот ќе биде во опасност
За Марсеј ќе се зборува на запад
Еве ви линк каде што можете да го проверите ова:
www.crystalinks.com/nostradamus.html
Уште на прв поглед се гледа дека неколку поими целосно се подудараат кога е во прашање овој настан. тоа се поимите "Марсеј" (градот каде бил извршен атентатот), "кралот" (Александар Караѓорѓевиќ), "бродот" (се знае дека кралот Александар во Mарсеј допатувал со брод), "Галија" (древно име за Франција за времето на чија посета кралот бил убиен), а овде секако е и "малдиот Македонец", против кого кралот Александар "војувал". Да се потсетиме дека тоа било време на крвав терор против Македонците во вардарскиот дел на Македонија, при што многу македонски семејства биле во црно завиени. Стиховите "Во времето на народната жалост" се однесуваат на овој период. За ваквиот терор најмногу бил одговорен лично кралот Александар Караѓорѓевиќ. Како најмоќна организирана сила што тогаш со оружје се спротиставила на овој терор во вардарска Македонија била тогашната ВМРО предводена од Ванчо Михајлов кој бил етнички Македонец роден во градот Штип, за кого и се однесува терминот "малдиот Македонец".