Крај за сите глисти
кои што даваат предрасуди
па никој не бира да
како ќе се роди дали без очи
без ноги да неможе да оди
никој не бира дал албанец ил македонец ќе се пробуди
а можеби германец мајка си ќе го роди
но да мразиме таква е човековата природа која не се менува
пробудува само омраза и лага па завршува со тага
и никој не помага
човаковата природа буди сомнеж кон пријателите
буди копнеж кон целите
ја губиме довербата кон нив и вербата во сонот
демек друг е крив што сами не успеавме да цениме
тоа што го имаме
да научиме совети да примаме
заслепени од естетиката трагаме по идеал
не удира по психата
Реф:
Човековата природа не се менува
среќата со времето овенува и пленува
секаква надеж после секој падеж
и на крајот ќе остане само да се прададеш
Now take a deep breath
now take
now take a deep breath и цврсто
Замижи, замисли некое место
без притисоци без врисоци
место каде доаѓаат вистинските другари
во времињата на вистинските рани
без падни-стани
луѓе без мани дами без лоши страни
никогаш осамени
Па да се искачеме на следната фаза
зошто нема време за омраза
Времето тече не те чека
и сеуште старото срање те пече
животот кон ново те влече
И паѓаме и паѓаме не се предаваме
но кога ќе достигнеме дно
има само едно место
а тоа е нагоре да одиме,
треба да веруваме успех ќе родиме
Велат кој сака-добива
можеби е точно а можеби и не едно знам на овој свет сме
И не е целта залудно да живееме
и лажно да се смееме
сите се раѓаме и сите умираме
каков пат ќе следиме сите одбираме
Додека е време да уживаме
Реф:
Човековата природа не се менува
среќата со времето овенува и пленува
секаква надеж после секој падеж
и на крајот ќе остане само да се прададеш