Прво ќе ги замолам сите што дискутираат (т.е. се расправаат) во врска со тепачката да продолжат во
Battle категоријата затоа што само таму не важат правилата на форумот и нема смисла темава да се заклучи поради тоа.
Dj Panco, јас воопшто не сум љубоморен (доколку и јас спаѓам во тоа "site ste Ljubomorni"). Туку напротив, без разлика кој ја организира журката јас одам доколку ми се допаѓаат артистите кои ќе настапуваат. Како што гледаш дури и на насловна страна ја имам ставено. Да љубоморев би го направил тоа ? Во MKC на Jeru The Damaja се журкав и ок беше, и нормално на оваа журка очекував да биде подобро, нели сите работи треба да идат напред ? А за да се увериш дека сум дал позитивно мислење за Jeru можеш да прочиташ
ТУКА. Но во La Fabrique на Afu Ra некако нешто не беше ок. Едноставно местото не е за рап настапи. Сепак тоа бил ваш избор. А за тоа што се трудите и што носите артисти од USA, respect. Го слушам Afu Ra скоро секојдневно, има доста добри песни, но ова беше големо разорачување. Како и да е, ова е мое лично мислење, и е далеку од љубомора, серење, или јадење гомна. (ако некој мисли така)
Почит и поздрав
