А ако е во тесно тогаш е слаба ? Ај кип ит риал

Вака сега.. секој си има свој начин на облекување, и го почитувам тоа. Како сакаш, така облакај се. Така да, ако некоја девојка се облака во широко тоа воопште не ми смета. Зошто би ми сметало ? Човекот се цени според карактерот, особините и неговите внатрешни вредности, а не според облеката.
А во врска со женскиот рап, не сум слушнал многу (можеби затоа што го нема, со неколку исклучоци), но мое мислење е дека No Exit се (или барем беа, дали сеуште снимаат?) добри. И морам тука да ја спомнам и BiG-E, затоа што според мене е најдобрата раперка која потекнува од Македонија, иако рапува на холандски (или јас ги немам слушнато македонските песни ако има такви?). Значи.. ова е мое лично мислење. Тука на форумиве имам читано текстови од Cr|minal и добри се.. но за жал јас веќе неколку месеци ја чекам да ми ги прати песните (или песната?). Па.. се запрашав: дали раперките сакаат да ја шират својата музика, или само да си ја чуваат за себе ? Одговорот што го добив кога ја побарав песната, беше некој изговор. Без навреда но така изгледа. Слободно можете да го докажете спротивното. И ако некој се запрашува.. да, ова го посочувам кон Criminal.
Поздрав

E pa Cr|m|naL mnogu kasno pali...
Види, песната и песните уште се без инструментали па така на празно да ти ги праќам мислам дека нема цел...Ако успеам да снимам некоја добра трака, ја добиваш прв, ветувам.