Aj eve ushte nesho

paaa sea videte sami dali sum se podobrila na nekoj nachin...barem i za nijansa
Верував и верувам се уште вербата ја имам
се на свое место често некој мојот дел го зима
ништо не е исто кога повторно го вртам листот
исходот од старт е јасен сe е кристално чисто
со болките од минатото со лузни обележани
за ствари што поминале останале вечно врежани
сеќавања избледени туѓи срца заледени
само лаги стари траги од некои што биле предани
гледам во раскрсницата пред која запре детството
И сфаќам нема назад ништо да ме врати во него
цело време падни-стани препреки од сите страни
луѓе од минатото со доблести и полно мани
и ништо не очекувам понатаму и не одрекувам
посакувам да сменам некои работи но не можам
многу ноќи осетив дека животот горчи
невиниот ќе страда а кривиот си молчи
ќе признаам дека многу се разочарав
од одредени луѓе, ама неам намера
да раскажувам за тоа или да се замарам
кој не постои веќе нема напразно да го барам
сеќавањата ме болат ги будат спомените
една љубов, да а ти не постоиш повеќе...
Реф:
Еден избор, мојот човек сега дава збор
сакам само искреност а не фејкерски приговор
до кога болката низ гради ќе ја прогонувам,
сфатив што е животот на јаве веќе не сонувам!
Продолжувам понатака но сепак нешто ме кочи
на невините лица гледам насолзени очи,
па се прашувам зашто само неправда сегде
помислувам да исчезнам за миг да заталкам негде
да гледам безгрижност, среќни насмеани лица
а не бездомници, скитници на секоја улица
па и продадени души во надеж што живеат
знаат нема за долго само така да опстанат
и завршувам со една сосем обична сторија
ако не разбираш преќути устата затвори ја
Реф:Еден избор, мојот човек сега дава збор
сакам само искреност а не фејкерски приговор
до кога болката низ гради ќе ја прогонувам,
сфатив што е животот на јаве веќе не сонувам!}2x
Ajt sea daajte kritiki
P.S.Finally dodadov del...a se potrudiv i za refren
