почит. за РНС почит, за грин аут почит. одамна не ме фасцинирал така некој наш рап артист.
сега нешто околу тоа мп3 пиратерија. пример ја го имав албумот Цветот на светот у мп3 формат, па сепак си го купив оригинал затоа што така им се прави РЕСПЕКТ на тие што се потрудиле да го направат албумот.
Многу е подобро да се растураат мп3-ки затоа што целта на секој уметник е да сака неговата мисла да се пренесе на што повеќе луѓе, парите не треба да бидат двигател. А луѓето, во овој случај раперите, кои многу добро знаат што значи РЕСПЕКТ треба да го помогнат артистот со купување на цд-то без разлика дали ги имаат или не песните.
Да не постоеше мп3 формат јас никогаш немаше да дојдам во допир со музиката што најмногу ми се допаѓа-драменбејз, но тоа не значи дека не купувам оригинали. не само цд-а туку и плочи.
Музиката треба да се шерува, во секој случај! и на секој артист треба да му биде мило што некои луѓе сакаат да ја чујат неговата работа дури и пред да се издаде.