Димензиите на овој PC се само 2×2x2,2 инчи (1 инч = 2,54 цм). Го носи името Space Cube и се претпоставува дека моментално ја носи титулата на најмал компјутер на светот. Вистинска минијатура, нема што!
Во компјутерот е вграден процесор од 300 Mhz, а има 64 МБ SDRAM меморија.
Како што е видливо на фотографијата, постојат неколку портови на него, и тоа за УСБ, мрежна картичка, флеш меморија, порт за спојување со монитор, сериско спојување (Serial Port), па дури и слот за микрофон.
Мониторот е во состојба да прикажува до 65К бои при резолуција од 1280 х 1024 пиксели.
Пред помалку од две години ова интересно парче се продавало по цена од 325 американски долари. Зарем не е кул?
____________________________
Превземено од tocka.com.mk