Bоrn2B - Едно збогум
...::Eдно збогум::...
...::Eдно збогум::...
Строфа 1
Вистината боли, иако на Бога му се помолив
Да не бидам измамен, многу пати го замолив
Се беше толку добро за да биде вистина, па со тоа и се задоволив
Те сакав како сестра и навистина се беше во ред
Барем додека ме лажеше, течеше млеко и мед
Сега уништувам и бришам се што стои во спомените
Тука бев за тебе кога ке преовладаа проблемите
Ти подадов рака зашто навистина те сакам
Онака како што брат - сестрата си ја сака
Една ноќ ми подари живот
сега навистина ми е криво зашто го направи тоа
За да гледам како пропаѓаш
И повторно нови начини наоѓаш. Повторно ме лажеш
Барем еднаш, за промена вистината да ја кажеш.
Така ке се помирев и со вистината ке се тешам
Барем во изборот немаше да погрешам
А погрешив со тоа што потполно ти верував
Дури и најдлабоката тајна ти ја доверував
Радост и болка... се со тебе споделував
Само кажи ми, зошто ме предаде?
Зошто на овој начин? Срцево ми плачи
Заборавам на се она што заедно го минавме
Едно збогум... Во животот се разминавме
...::Рефрен::... (х2)
(Едно збогум)
Од очиве врели солзи капат
(Едно збогум)
Дали нови мигови на среќа ке настапат
(Едно збогум)
Сеуште ти подавам рака
(Едно збогум)
Зошто ли сеуште те сакам?
Строфа 2
Се присетувам на времето со тебе поминато
Верувај, сега е веќе минато
Ти, твоите пороци и ``богови`` променивте се
Претчувствував дека ова ќе заврши, но зарем пред време?
Некогаш твоето име го бладав и во сон
Но никогаш не сонував за ``Едно збогум`` кажано на микрофон
Ми беше бог, па и повеќе, ми беше идеолог
Но пред мои очи ``спидаш`` иако вети дека од тоа раце креваш
Се надеваш и веруваш дека така е подобро??
Погледни ме сестро, јас го знам тоа најдобро
Сум бил таму на другата страна
Кога леташ се е кул, но реалноста е посрана
Ме изгуби, не дека некогаш ме имаше
Ова ти е доказ дека се залажуваше
Насилно верував дека знаеш што правиш
И бев уверен дека грешките ке си ги поправиш
Дека на минатото ке заборавиш
Мислев дека си нешто за кое вреди да се борам
Дали е сеуште така, јас не можам да одговорам
Со солзи а очите, рециталов го затворам.
И за крај... Само едно збогум.
...::Рефрен::... (х4)
(Едно збогум)
Од очиве врели солзи капат
(Едно збогум)
Дали нови мигови на среќа ке настапат
(Едно збогум)
Сеуште ти подавам рака
(Едно збогум)
Зошто ли сеуште те сакам?