Еве сега пред некое време се вратив дома, па не можам да си легнам да спијам без да прокоментирам како беше...
Журката се на се гледано беше супер организирана, значи немаше некои пропусти, недостатоци и други работи што би го разочарале човек...
Е сега, единствениот пропуст беше што Војник не беше таму, а нели, имаше промоција на Елементарна Непогода, а тоа е албум на Војник и Аго ... Океј, нема врска, Аго си го направи своето, прво не изнасмеа до умирачка со турбофолкерската песна, секоја чест како му текна за тоа, а потоа кога почна да го рока микрофонот, доволно е да ви го кажам тоа дека публиката се качи дури на бина заради вжештената атмосфера која се створи. Башка да не збориме за шутките кои ги имаше ( претпоставувам тоа беа тетовчаните ) ... Не се нормални, то ќе речам само

. Нa Аго му запеавме Хепи брдеј сите заедно од публиката, и така....
Сите изведувачи настапија супер, а тоа за настапот на Деко дека не се крена многу атмосфера, хм... мислам дека беше заради тоа што луѓето не ги знаеја песните што ги рокаше. Барем јас не ги знаев, па затоа не можеа да ме кренат песните... Тоа се случи и со други изведувачи, не само со Деко, а тоа не значи дека изведувачите се лоши ! Епа мал добронамерен совет за сите рап изведувачи, ако сакаат луда атмосфера кога ќе излезат на бина, нека ги пуштат песните претходно на интернет или слично да ги слушнат луѓето, да ги поднаучат малце, и тогаш настапот ќе има поголем ефект, а не како телиња да се гледаме и да не знајме шо се збора во песната

.
Дечкото од Нов Поредок, како што и се очекуваше, повторно се фрли в публика и правеше триста глупости хехе, во негов стил
Екипата растурија, се чудам како немаше повреден човек после шутките што се направија ко настапуваја тие
Бугарите исто супер настапија, посебно бугарката, мислам дека ретко се наоѓа женско што има глас да рапува...
За Исток Запад, не знам што да речам, не им ги знаев песните и нив исто, така да... то е то...
А, една работа што ме испровоцира и малце ме разочара !

Зошто песната "Днс Сине" ја нема во албумот? Па и нигде ја нема ни на интернет, а песната е топој... уште на прво слушање те крева... Дајте Војник, Аго, Тигаз, било кој објавете ја песната барем за слушање на интернет... Збудалев готово, ај ом да спијам јас оти цела ноќ не спав... Кис до сите, извинете шо напишав подолго рефератче...