И свирењето и семплувањето се реални оски на рап сферата, да речеме

. Некои од најдобрите хип хоп песни во 90-тите се со семплови. Семплувањето не е нешто за потценување. Секој може да семплира такозвани катови од зручни фреквенции на други песни, да плесне ритам, и да го направи. Ама треба слух, и посветеност за оваа техника да се развие, и треба вистински познавач да препознае добар семпл, и каде е најдобро искористен и компактиран. Само за пример, да го земеме ДЈ Премиер. Самото име би требало да индицира на безброј песни, не само од Генгстар групацијата, туку и многу многу други групи и соло артисти по америка, а ме мрзи да набројувам

. А според мене и семплувањето може да се смета достојно за добра музика, зошто најдобрите песни изработени на оваа такозвана оска

, имаат страшна интонација. А во поглобален поглед, се многу попразни од свирени песни, а сепак постигнуваат поголем ефект во целината на песната, а истовремено, се дава нагласок на флоу, и на текстот, а со тоа и самиот стил на артистот.
Од друга страна, свирењето од поодамна мислам дека станува се поактивно и повеќе се практикува. Оваа друга оска

на сферата на правење музика, потешко се постигнува и треба повеќе внимание, и подобра концентрација, кога се работи. Се разликува од семплот по тоа што додава уникатност на песната, на музиката. Остава повеќе простор не само за импровизирање со инструменти, туку и импровизирање со бас, што може да го смени шмекот на музиката за 360 степени, а во многу случаи, во подобар правец. Овде повеќе доаѓа до израз способноста за слушање и способноста за компонација на „изработувачот“. Често може да добие поголем акцент музиката, наспроти текстот и тој флоу на артистот, и самиот стил, што според мене е голема грешка и носи еден промаршај во шмекот на песната воопшто. Затоа свирењето може да биде неадекватна во многу ситуации, ама кога се изведи и спроведе во песна како што треба, според мене, има потенцијал да звучи многу подобро од Семплирањето.
Се на се земено, и двете оски ке си се вртат како што се вртеле, и така натака и така натака. Овие техники се приземјето на хип хоп музиката, добра тема. Поздраф