Што ви е на вас луѓе? Дали се читате што пишувате?Наша група, странска група,овој поштуем, оној не поштуем, имам аверзија за оној.... Се ова се глупости!!! Од рапот правите само тема за муабетење. Не почитувате ничиво дело!Ако не сте способни да направите нешто за рап музиката во Македонија, ве молам барам исчезнете, и не одмагајте со вашите пост-ови и (не)компетентни критики. Некој погоре напишал нешто у стилу, навикнати сме на нашите групи, им ги разбирам песните... бла, бла бла. СРАМОТА. Ако имавте барем мала врска со вашиот нервен систем, тогаш немаше да пишувате вакви работи. Не се праветете сите спасувачи на рапот, пошто како може да го спасите од самите себе!? Некому рапот му значи живот, се дал за него, да го има, да постои и во оваа наша мала државичка, а вие упорно и упорно ја терате својата приказна, овој ми е симпатичен, леле ке идам да го гледам (ова важи за нашите припаднички на понежниот пол), леле овој ми е маало него ќе го гледам другите кој ги... и така натаму. Разберете дека рапот е ЖИВОТ.
Респект!??? Зар вие знаете сто е респект?
Она сто се случи во Кастро само уште еднаш покажа и докажа дека не сте дораснати за вакви случувања тука. продолжете да идете на журки во кои ви настапуваат вашите другари од маало, на кои настапуваат симпатични дечки, ама ве молам немојте никогаш да се декларирате како рапери, зашто НЕ СТЕ.
Единствено што ке постигнете (некој веќе го наглси ова), е и оние малку луѓе што го прават со сето срце (да не кажам само АГО, бидејќи можеби постои и некој друг), што даваат живот за рапот, да сватат дека не вреди, дека сте безнадежен случај,и така ќе се простиме на трагичен начин со овој вид музика кај нас. Ако ве буни ова дека ќе се простиме, еве зашто: Ќе одите некое време по 20-30 луѓе на журка, ќе сватите дека некој таа журка ја прави за да си обезбди приходи за сопствени потреби (нормално е, некој да сака да си купи нов компјутер, кој не би сакал ). И тоа нема да е толку страшно што донирате солидарно (се мисли на испиени пијачки на забавите пошто организаторот зима процент-ви текнуе?) за нечив компјутер, туку страшното е што вие не добивате ништо. Како? Еве како, ќе се изнаслушате туѓа музика (семплови, хеллоо), и секој пат истата, и што, ќе си речете, и јас сакам компјутер. и ете проблем. Вие престанувате да одите на забавите, ама добивате нов компјутер(како резултат од штедењето на 300-400 денари од журка). РЕЗУЛТАТ нов компјутер, и журка со посетеност од 5-6 луѓе (организаторите и нивните девојките), а рапот, ке го ставиме на “некролог„.
Ви кажав што мислам, секако ова е мое право. А ваше е да одлучите што понатака. Дали ке се делите по групи и ќе продолжите како знаете, или еднаш вистински ќе испочитувате некого.
На Шорти не му ја дадовте должната почит, искоритете ја следната шанса (ако ја имате) да слушнете квалитетен странски рап.
п.с. Почит до Аго
|