Ми рече лесно е...
Кога прв пат со мене на клупа ноќта ја мина,
Но не виде тешкотија зашто не беше зима
3 по полноќ, до коска пијани, дудвавме, се радувавме
Божем само на трева, принципот го чувавме.
Но ти скршна од патот, бато ти велев немој
Ќе бидеш уште еден кој што потклекнал во немоќ
А јас иако во тесно, сепак ти подадов рака
Зашто повеќе од мојот, роден брат те сакав
Отсекогаш посакував, среќен да те видам
Па и јас среќен да бидам, да кажам кај ќе идам
Покрај мене другар имам, и во добро и во лошо
Поверни другари сме и од Миле и Тошо.
Ни фалеа само нивните сакоа што светат
Во сета мака клета, живот прета, но таблета
Ти в уста стави, а јас на појас барета.
Кажи ми сега, кој повеќе згрешил?
Дали јас што решив, идол во 2Рас да барам, лесни пари да ќарам
Или ти со твоите пороци, да скиташ по темници, улици,
Дневници на твоите дома да им крадеш?
Инаку од каде за дрога пари ќе најдеш?
Ти велев ќе зајдеш, како многу кои не се збогувале
Од најблиските, ниту тоа го посакувале...
Реф (х2)
Живот ти е даден, живеј го, еден е
Покрај тебе другар имаш, верувај, вреден е!
Јас не ти свртив грб, зошто тоа ми го стори?
Ѕверот во парите од тебе, зарем хипокрит створи?
Сега богат си нели???
Имаш слава, моќ и пари исто како Макавели
Мерецес Е 300, актовка и костум, збеснат
Пиштол на појас со дозвола зашто си збеснат
Но ова е вистината, еве ја на виделина
Нека знаат сите каков си, во глобала и целина
Врати го назад, времето и сети се,
Кога ништо немаше, па велеше, ``исти сме``
На клупа спиеше со мене, но јас се тргнав од улицата
Сиот во завои, единствено што мрдав - вилицата
Зарем заборави поради кого бев унаказен?
Но не ме болеше тогаш, ми беше жал за тебе
Па и тоа кога мина, јас ја посетив клупата
Те најдов издрогиран со твојта девојка, глупава
Ноќта таму спиеше, врели солзи лиеше,
А лицето во сопствената крв ти се миеше
Затоа што, не сакаше во станица
Си немал за LSD, па ограби старица
Кутрата безпомошна, дури и ја натепа
А што зеде од неа?? Само една стотка!!
Немаше за киселина, па си зеде трева
Еден кец го фтера, почна сафри да ти крева
Луда атмосфера, почна да ти се причинува
А јас со рака и оставив времето да минуваѓ
Реф (х2)
Живот ти е даден, живеј го, еден е
Покрај тебе другар имаш, верувај, вреден е!
Јас не ти свртив грб, зошто тоа ми го стори?
Ѕверот во парите од тебе, зарем хипокрит створи?