eve nesto pomracno, matricata poveke e na eksperimentalna baza, a i mi se sfiga kako zvuci...normalno, moe si e:)))
------------------------------------------------------
HC, Underground do kraj!!!
само знаење да носам, вештина да пренесам-за, да продолжи со живот мој'та хорор ренесанса
моите темни одаи, достојно да ги чува, само уникатен кој познава римувани чуда
на матрица да мава луда, колку и да го судат, да се двои од грото, и во крв да му е злото
да го прокоцка животот, како на лото, да гази се до врвот, а да тргне од дното,
со доволно злоба, да врати свет во камено доба, а неуспешна проба, го праќа во гроба,
во вечната соба, и сите што кобат, живо месо да им зоба, и да им кине утроба,
сите пуритански погледи, низ него да минат, сите дволични беди, од стих негов да гинат
мудрост да носи, како средно име, дење, ноќе, сам, со сите, пролет, лето, есен, зиме
како јас што се колнам, така тој да исполни, завист да навикне и намери долни
личности монотони, што висат на микрофони, сништа да им рони, да ги диши ко балони
рими ко завет да служат, и ко пријател да ги дружат, сите што на ова дело почит ќе пружат
само на мудрост и интелегенција зумира, мисијата на последниот од видот кој умира
--
the first one out the monumental seed, the only, the last one of a dying breed - x4
--
првиот од видот кој од рима прави страв, од видот кој микрофонот го остава крвав
единствен на векот, не само во светот, галаксии и сонца го слават моето дело свето
комуницирам само преку хиероглифи и трајболи, мои браќа не се ангели, со вили се ѓаволи
не на сонце, под сенка, не на сонце, на дожд, не на сонце, на мраз, ме бие глас лош
темен јас како грев, уште како мал бев, нејќам срце, баклава, лист, сакам само ТРЕВ
карактер и ментал, имам строго лев, дур не почнеш да скапуваш, не ми се прави ќеф
сево ова е на смеа, војна уште не сум почнал, ќе сечам глави, сакам врисоци и болка сочна
последен да останам, и штом дојде времето, на млада храбра душа ќе го предадам бремето
сета розова смеа, и весела светлина, во сенка и темнина, низ мојот стих премина
и болка и тежина, за моја мрачна свежина, да го засени, секој кој ќе проба да ме смени
и секој кој ќе проба како кучка да ме плени, врз негов мртов збор, ќе собирам поени
за одбрана од мене, нема таков штит, и на умирање тврдо мава мојот уникатен вид
--
the first one out the monumental seed, the only, the last one of a dying breed - x4
--
редок сум ко панда, донеси цела банда, со стих ве пакувам во мртовечки сандак
со една команда, ве кршам ко обланда, крвав имам стандард, и злобна пропаганда
со заби во врат, низ вени жилет, лажни раскинувам нежни како конец свилен
суви погледи праќам, низ вашите кротки, не сте МС-ја сфаќам, туку проститутки
кај што мој глас допира, тука продажба запира, не можеш да купиш стил, ни уметност, разбираш?
зборувај јазици, свири инструменти, дружи се со дилери, гангстери и малолетни деликвенти
за такви муцки чувам самолепливи ленти, оти цел ден плукаат на мојте хардкор елементи
за микрофон сталки, за безбол палки, од чмар до грло место рбет како закачалки
да ве држат исправени, оти ползите искривени, стварате нов род, нов вид, нов пол
од кол на кол, се бодете ко курви, носам неподнослив бол, низ рапот штом врвиш
сфати го ова како критика, јас ти велам совет, ко тебе лажни лигавци ќе убивам довек
поради вашето константно шарлатанско глупирање, останав последен а мојот вид е на умирање
реф...
---------------------------------------------------------------------------
slobodno ocenuvajte:))
pesnata:
http://rapidshare.com/files/113401182/K ... _breed.mp3