Џорџ Буш дошол на посета во Македонија и како што е редот Бранко го однел на прошетка низ Скопје, се шетале, муабетеле и само гледаат човек како моча на улица, Буш извадил пиштол и го убил човекот. Бранко изнервиран го прашал зошто го убил човекот. Буш ладнокрвно му одговорил:
- Епа кај нас во Америка, кога ќе видиме некој човек како моча на улица го убиваме...
После некое време, Бранко ја посетил Америка... Се шетале по улица и гледаат некој човек како моча... Бранко го извадил пиштолот и го убил човекот за да му врати на Буш.
Следниот ден во весник:
"Убиен Македонскиот амбасадор во Америка."
- Сине, сакаш ли да одиш во училиште?
- Убаво е да се оди во училиште, убаво е и да се враќа од училиште, само не ми се допаѓа она помеѓу.
Оди Цветко по улица и слуша: 'Стој'!!!
Застанува, и пред него паѓа клавир.
Оди понатаму и пак истиот глас: 'Стој'!!!
Застанува и пред него една кола со голема брзина поминува.
Се врти, гледа но не може да види никого.
- Кој си ти што два пати ми го спасуваш животот?
Гледа во раката едно малечко ангелче.
- 'Јас сум твојот ангел чувар!!!'
Цветко замавнува со десната рака го смачкува и вели:
- Кај беше кога се женев, мајку ти ибам?
Наставничката им дала задача на децата да нацртаат цртеж слушајќи музика од Бетовен.
Диме нацртал расцветано поле и деца како си играат.
-"Ода на радоста", - го објаснил Диме цртежот.
Стефан нацртал ливада и овчар со овци.
-"Пасторала", го објаснил Стефан својот цртеж.
Малиот Трпе нацртал патлак, а наставничката шокирана го
прашала:
-Што ти е ова Трпе?
-"За Елиза".
Eve: "Adam, do you love me ?"
Adam: "No, I don't."
Eve: (crying) "Then why did you make love to me ?"
Adam: "Helloooooo... do you see anyone else around ?"
Прават тест Миле Цацко и Тошо.
Миле го прашува Тошо?
Mиле: А бе второто под која буква е?
Тошо: Це.
Миле: Како како не те слуснав?
Тошо: Це бе!
Миле: Це или Бе?
Тошо: A бе Це.
Миле: A бе ili Це?
Тошо: A бе Це Бe.
Цацко: Де бе.
Миле: нема бе Де.
Миле: заокружува А, Бе и Це.
Си била една баба и си имала папагал. Го пратила бабата папагалот да оди да научи некои нови зборови. Папагалот отишол првин кај деца што играат криенка децата викале :''изгоре лончето претече млекото'' и папагалот го запамтил тоа. Потоа папагалот отишол на градски стадион и таму играл Дарко Панчев и публиката викала ''Дарко Панчев промаши гол'' и папагалот го запамтил тоа. Потоа отишол во кафич и таму некоја жена рекла '' уф што убав мирис'' папагалот и тоа го запамтил. Кога се вратил дома бабата го прашала папагалот што научи а тој одговара:
- изгоре лончето претече млекото! Бабата оди да види и гледа нема изгорено ништо па се налутила и го удрила папагалот а тој и избегал и рекол
- Дарко Панчев промаши гол, после бабата се наведнала, прднала и папагалот рекол:
- уф сто убав мирис.
