Затварам очи те гледам само тажни сцени
голема празнина во срцето која нема да се смени
се ми е безвредно, се ми станува сеедно
преполни со празни желби
мисли на кај тебе и нашите минати средби
во првиот миг те посакав, но незнаев што следи
љубов на прф поглед а не верував во тоа
најубавите моменти ми станаа ноќна мора
грешев, по кој знае кој пат во животот грешев
само добра авантура се ќе помине се тешев
збунето ти пријдов не знам од каде таа храброст
во тој миг чувствував само малаксаност и слабост
очите не ги тргам од тебе не знаеф ни што зборувам
ссе збунив глупости трескав почнав да заборавам
ме праша за името не знаеф да ти одговорам
се што знаеф беше дека стојам јас пред тебе
но каде бев се изгубив во некое друго време
гледав насмевка на божица стои пак крај мене
договоривме излегување не можев да поверувам
денес имам состанок вечер со неа излегувам
поминавме заедно 5 кратки дена
4 дена со тебе во шалење и смеа
до зори седење на плажа сами еден покрај друг
не постоеше никој за нас во нашиот мал круг
замислив желба видов ѕвезда како паѓа
за прв пат во мене вистинска љубов се раѓа
REFREN
Ме болат стари спомени
ми требаат твоите бакнежи
ми фалат твоите додири....
Беше моја, само моја не знаев дали сонувам
она што го сакам за прф пат го добивам
научен од животот да не го добивам посакуваното
не знаев да постапувам со толку саканото
уживав во се што ми пружи во секој наш миг
се што научив од тебе за мене беше предизвик
ми ги отвори очите со друг поглед кон светот
само розово се гледа кога со тебе е вистинскиот
сакав се што беше твое, добив повеќе од тоа
благодарен на бога ја добив љубовта твоја
спиење до пладне, сонување масажа
добро друштво музика и одбајка на плажа
што е љубов ми покажа
ова е последниот ден со тебе зашто ми кажа
не можев да поверував кога поминаа пет дена
зарем толку бргу заврши ова втора смена
се разделуваме засекогаш не сакам да поверувам
на градиве те стегам до мене те привлекувам
не сакав да те пуштам да си одиш не дозволувам
грлото ме стега збор и не изустувам
сакав солза да потече за инает не потекува
времето истекува автобусот поаѓа свири по тебе
да се качиш те повикува
се обидуваш да не заплачеш некако не ти успева
рече збогум само збогум само тоа ти успеа
изгубено стојам гледам автобусот се губи
од пред мене ликот твој засекогаш се изгуби
солзи потекуваат никако не запираат
само што престанаа одново други навираат
како се чуствував тогаш знае само тој што губи
како нож во срцето како некој да ме уби
Речиси ништо од тебе само во мојата меморија
само златно ланче внатре фотографија
зашто ми ја зема боже зашто ми ја подари
зашто баш сега бев исполнет во целост
да се спротиставам на светот со неа имав смелост
ми недостигаат топлите додири и бакнежите на мојата драга
јас ќе останам гладен ако е љубовта е храна
пак започнува нова сага, рана во срцето а солзите по лице
се наоколу е празно празни се и улиците
се наоѓам во мојата соба сам во мојот кревет
гледам дождот како паѓа небото плаче за мене
не знам дали некогаш за некого плакала
тоа што се разделивме судбината така сакала