3M feat.Smireniot,Fundament(kocani) - Nov lirikoven napad
Смирениот
Во Штип пак со мојта дружина
во 4 сабајле јадам бурек за ужина
после журка после фристајл место крв имам пиво
здраво живо веке гледам криво
гледам сиво и ако се ми е шарено
хаос од мисли а мислиш се е подредено
замаглено а надвор се разденува
од стиховна фискултура секој се разбудува
Фундамент
На север од плоштадот во стариот дел на градот
нов хоризонт од градот на оризот
на гости во Штип кај старите пријатели
со стара школа против сите непријатели
подземјето од истокот воскреснува
стари гладни волци блудницата збеснува
екипа од домот до тврдината
екипа од респект ја врака вистината
за сите мршојадци лешинари и мршљаци
имам старошколска рима за вашите гадни фаци
луди екипи војски еден човек армија
за сите копиљаци тврдокорен како улица
за вашата вилица како бетонски блок
на сите периодични рапери им ставам краен рок
и преку ден и преку нок во секој момент
за вас инцидент фун фун да факинг мент
реф
Од Кочани до штип нов лириновен напад
од Кочани до штип... Кочани до Штип.. х2
Маестро
Специјална понуда во секоја пригода
ослободен од притисок во оваа минута
се што лежи на душава мислата е валкана
се што посакувам во секунда го добивам
пиво бистри мисли иако не се чисти
сепак пред мајкот сите остануваме исти
велат со времето луѓето се менуваат
но сепак наште дела еве продолжуваат
Мистик
Само ти кажи каде ти кажи кога
тврдокорно рокам знаес рапот ми е дрога
нова стиховна флота подготвена за напад
од Кочани до Штип нов лириковен зафат
се клатат глави а ритмот ме вози
со римите боцкам ко афрички оси
ме носи но пази за сега се простувам
микрофонот на другите го оставам
Магнус
Аха дојдов и јас на ред за да бидеме комплет
рими течат како лавина без да земам залет
го слушаш мојот текст ти набивам комплекс
подобар од тебе секогаш не ми треба ролекс
ти јадеш емсинја а јас те јадам како кекс
ти со мене се замараш а ја си пијам бекс
па тргни се од рапот ретардиран си од детството
ова е за сите фејкери каде не им е местото
реф
Од Кочани до штип нов лириновен напад
од Кочани до штип... Кочани до Штип.. х2
Poveke pesni ima na
www.magnus.blog.com.mk/audio/25903